Левитска 16
16
Големиот ден на очистувањето
1 #
23,32-36; 4 Мојс 29,7-11; Рим 8,3; Евр 9,7-14 #
10,11
И му зборуваше Господ на Мојсеј по смртта на двајцата Аронови синови, кога тие, откако принесоа пред Господ, умреа; 2#2 Мојс 25,22; 26,33; 30,10; 40,34; 2 Сам 22,10; Евр 6,19; 9,25; 10,19и му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на братот твој Арон да не влегува во светилиштето зад завесата во секое време пред очистилиштето, што е врз ковчегот, за да не умре, бидејќи Јас ќе се јавувам над очистилиштето во облак. 3Еве со што да влегува Арон во светилиштето: со теле како жртва за грев и со овен – за сепаленица. 4#2 Мојс 28,39-43; Ез 9,2; Евр 10,22Тој треба да го облекува осветениот ленен хитон, на долната половина од телото свое да има ленена облека и да се опашува со ленен појас, и ленен кидар да става – тоа се свети облеки; прво треба да го измие целото свое тело со вода и потоа да ги облекува. 5#Пс 50,9; 2 Лет 29,23И од заедницата на синовите израелски да земе Арон два козела како жртва за грев и еден овен – за сепаленица. 6#Евр 7,27; 9,7.12Потоа Арон да приведе теле како жртва за грев за себе, и така ќе се направи чист – себеси и домот свој, 7па ќе ги земе двата козела и ќе ги постави кај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово. 8#4 Мојс 26,55-56; Ис.Н. 14,2; 18,6; Суд 20,9; Ест 3,7И тогаш Арон ќе фрли ждрепка за двата козела: една ждрепка за Господ, а другата за отпуштање. 9И да го доведе Арон козелот на кој паднала ждрепката за Господ, и да го принесе како жртва за грев; 10#14,7; 16,21; Ис 53,4-10; Рим 3,25а козелот на кој паднала ждрепката за отпуштање, да го постави жив пред Господ, за да изврши над него обред за очистување и да го пушти во пустината за отпуштање. 11Потоа Арон да го приведе телето како жртва за грев за себе, и ќе се очисти самиот и домот негов; и да го принесе како жртва поради гревот свој. 12#Откр 8,5А потоа да земе кадилница, полна со разгорен јаглен од жртвеникот, што е пред Господ, и да ги наполни рацете со иситнето миризливо кадиво, и тоа да го внесе зад завесата; 13#2 Мојс 25,17; 28,43; 33,20и да го стави кадивото врз огнот пред Господ; и димот од кадивото ќе го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на заветот, за да не умре. 14#Евр 9,13.25И ќе земе од крвта на телето и со прст ќе го попрска однапред очистилиштето и пред него; седумпати да попрска од крвта со прстот свој пред очистилиштето. 15#4 Мојс 19,19; Ез 36,25; Евр 7,27; 9,12Тогаш да го заколе козелот како жртва поради грев за народот, и да внесе од крвта негова зад завесата, и со неа да направи исто како што направи со крвта од телето, и да попрска врз очистилиштето и спрема очистилиштето, 16#2 Мојс 29,36; Ез 45,18-20; Рим 3,24-26и да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на собранието, која е меѓу нив, среде нечистотиите нивни. 17#Ис 6,5Кога ќе влезе тој за да го очисти светилиштето, и сѐ додека не излезе, никој да нема во скинијата. И така ќе се очисти самиот себе, својот дом и сиот израелски народ. 18Потоа ќе пристапи пред жртвеникот, што е пред Господ, и ќе го очисти и ќе земе од крвта на телето и од крвта на козелот, и ќе ги помаже роговите на жртвеникот од сите страни, 19#Ез 43,20и ќе го попрска со прстот свој од крвта седумпати, за да го очисти и освети од нечистотиите на синовите израелски. 20Па, откако ќе ги очисти светилиштето, скинијата на собранието и жртвеникот, ќе го приведе живиот козел. 21#2 Мојс 29,10; Ис 13,21; 34,11; Лк 11,24Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите израелски, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустината; 22#2 Мојс 28,38; Ис 53,12и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустината. 23#2 Мојс 28,42; Ез 42,14; 44,19Тогаш Арон да влезе во скинијата на собранието, да ги соблече ленените одежди, во кои беше облечен при влегувањето во светилиштето, и таму да ги остави, 24#2 Мојс 29,14и да го измие телото свое со вода на свето место, да ги облече своите алишта, па, штом ќе излезе, да принесе една сепаленица за себеси и една за сиот народ, и ќе се очисти себеси и сиот народ. 25Лојот пак од жртвата за грев да го запали врз жртвеникот. 26А оној, кој ќе го одведе козелот за отпуштање, да ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода, и потоа може да влезе во населбата. 27#Евр 13,11А телето за грев и козелот за грев, чија крв се внесува во светилиштето за очистување, да ги изнесат надвор од населбата, и да ги изгорат на оган кожите нивни, месото нивно и нечистотиите нивни; 28#4 Мојс 19,8.10оној, пак, што ќе ги пали, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода, и тогаш ќе може да влезе во населбата. 29#23,26-32; 2 Мојс 12,14; 31,15; 4 Мојс 29,7; Ис 58,3И тоа да ви биде вечен закон: во седмиот месец, на десетиот ден од месецот, смирувајте ги душите ваши#16,29 Постете!, и никакава работа да не вршите, ни вие, нити придојдените, населени меѓу вас, 30#2 Мојс 30,10; Ер 33,8; Ез 36,33; Ефес 5,26зашто во тој ден ве очистуваат, за да ве очистат од сите ваши гревови, и да бидете чисти пред лицето Господово; 31#Ис 58,3.5; Дан 10,12; Дела 27,9тоа да биде сабота над саботите; смирувајте ги душите ваши – тоа ќе биде вечен закон. 32#2 Мојс 28,2; 30,30Очистувањето да го извршува оној свештеник кој ќе биде помазан и посветен да свештенодејствува место татко си: нека облекува ленена облека, облека света; 33#Ез 45,18и да ги очисти Светињата над светињите и скинијата на собранието, и жртвеникот да го очисти, и свештениците, и сиот собран народ. 34#2 Мојс 27,21; Евр 9,25Ова да биде за вас вечен закон: да се извршува обредот очистување над синовите израелски еднаш годишно поради сите нивни гревови.“ И тој направи така, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
Селектирано:
Левитска 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006