Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 15

15
За телесната нечистота кај мажот
1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 2#4 Мојс 5,2; 2 Сам 3,29; Мт 9,20„Известете ги синовите израелски и кажете им: ако некој маж има течење од крајната своја плот, нечист е поради тоа течење. 3А ова е за неговата нечистота: кога течењето истечува од неговото тело, и кога изливот се задржува во неговото тело, тоа е негова нечистота во него самиот. 4Секоја постела, на која ќе легне оној кој има истечување, нечиста е; и секој предмет, на кој ќе седне, нечист е. 5И кој ќе се допре до неговата пос­тела, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода и ќе биде нечист до вечерта. 6А и кој ќе седне на некој предмет, на кој седел оној кој има истечување, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта. 7И кој се допре до телото на оној кој има истечување, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта. 8#4 Мојс 12,14Ако оној, кој има истечување, плук­не на чист, тогаш тој да ги испере алиш­тата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта; 9и секое седло, на кое седел оној кој има истечување, нечисто е; 10#4 Мојс 19,10и секој кој ќе се допре до што и да било, што било под него, нечист ќе биде до вечерта; и оној кој ќе го крене тоа, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта. 11И секој, до кого што ќе се допре оној кој има истечување, без да си ги измие рацете свои, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и нечист ќе биде до вечерта. 12Глинен, пак, сад до кој ќе се допре оној кој има истечување, да се скрши; а секој дрвен сад да се измие со вода. 13А кога оној, кој има истечување се излекува од своето течење, нека си определи седум дена за очистување свое, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со изворска вода, па ќе биде чист; 14а на осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба, и да ги донесе пред Господ кај влезот од скинијата на собранието, и да му ги даде на свеш­теникот. 15А свештеникот едната од тие птици ќе ја принесе како жртва за грев, а другата – за сепаленица; и ќе го очисти свештеникот од течењето негово пред лицето Господово. 16#5 Мојс 23,11-12Ако на некој маж му се случи истечување на семе, тогаш тој треба да го измие со вода целото свое тело и ќе биде нечист до вечерта; 17секоја облека или кожа, на која ќе се излее семе, треба да се испере со вода и ќе биде нечиста до вечерта. 18Ако жена легне со маж, и на мажот му се случи истечување на семе, тие и обајцата треба да се измијат со вода и ќе бидат нечисти до вечерта.
Телесна нечистота кај жената
19Кога жена има истечување на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека се очисти, и секој што ќе се допре до неа, ќе биде нечист до вечерта. 20И сѐ, на што ќе легне таа, додека трае очистувањето нејзино, нечисто е; и сѐ, на што ќе седне таа, пак е нечисто. 21И секој што ќе се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта. 22А и секој, што ќе се допре до каков и да било предмет на кој таа седела, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта. 23И ако некој се допре до што и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа, нечист да биде до вечерта. 24#Ез 18,6А ако со неа легне некој маж, нечистотата нејзина ќе мине на него: ќе биде нечист седум дена, и секоја пос­тела на која ќе легне тој, ќе биде не­чиста. 25#Мт 9,20; Мк 5,25; Лк 8,43Ако некоја жена има истечување на крв повеќе денови, но не во времето на нејзиното природно очистување, и ако таа има истечување подолго од нејзиното обично чистење, сѐ додека трае нечистотата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое. 26Секоја постела, на која ќе легне таа во деновите на течењето нејзино, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и сѐ она, на што ќе седне таа, да биде нечисто, како што е нечисто тоа во времето на нејзиното чистење. 27И секој кој ќе се допре до неа, да биде нечист, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое и нечист ќе биде до вечерта. 28А кога жена ќе се исчисти од те­чењето свое, да изброи седум дена и потоа ќе биде чиста. 29Во осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба и да му ги однесе на свештеникот кај влезот од скинијата на собранието; 30#2 Сам 11,4а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата – за сепаленица, и ќе ја направи чиста све­ш­теникот пред Господ поради исте­чувањето на нечистотијата нејзина. 31#4 Мојс 5,3; 2 Сам 15,25; 2 Цар 21,7; Ез 23,38; Пс 74,7Така пазете ги синовите на Израел од нивната нечистота, за да не умрат во нечистотијата своја, и да го осквернат Моето живеалиште, што е меѓу нив. 32Тоа е законот за оној што има тече­ње, и за оној што ќе му се случи да има истечување на семе, бидејќи тоа го пра­ви нечист; 33а и за онаа што страда поради чис­тењето свое, и за оние кои имаат ис­течување, маж или жена, и за маж што ќе преспие со нечиста.“

Селектирано:

Левитска 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност