Левитска 17
17
Светоста на Израел
Прописи во врска со крвта
1 #
2 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,4-28 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2„Кажи му на Арон и на синовите негови и на сите синови израелски и речи им: еве што заповеда Господ: 3ако некој од домот Израелов заколе вол или овца, или коза во населбата, или надвор од населбата, 4#1 Мојс 17,14а не го доведе кај влезот од скинијата на собранието, за да Му принесе дар на Господ пред живеалиштето Негово, тогаш тој човек да се обвини за крв: тој пролеал крв, да се истреби од народот негов. 5#Ез 43,27Така да ги принесуваат синовите израелски жртвите свои, што ги колат в поле и да ги донесуваат пред Господ крај влезот од скинијата на собранието, кај свештеникот, и да ги колат пред Господ како жртви за мир, 6и да попрска свештеникот со крв околу жртвеникот Господов крај влезот од скинијата на собранието и да го запали лојот за благопријатен мирис пред Господ. 7#1 Мојс 9,12; 2 Мојс 12,14; 22,20; 34,15; Ер 3,6; Ез 23,3; 2 Лет 11,15#2 Цар 23,8И да не принесуваат во иднина жртви свои на идоли, во кои самите блудствуваат. Ова нека биде вечна наредба и за поколенијата ваши. 8Кажи им уште: ако некој од домот Израелов или од придојдените, што живеат меѓу вас, принесува сепаленица или жртва 9и не ја донесе крај влезот од скинијата на собранието, за да ја принесе пред Господ, таа душа да се истреби од народот свој. 10#3,17; 1 Мојс 9,4; 5 Мојс 12,16Ако, пак, некој од домот Израелов или од придојдените, што живеат меѓу вас, јаде каква и да било крв, тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против душата на оној, што ќе јаде крв, и ќе го истребам од народот, 11#1,5; Евр 9,22зашто душата на секое тело е во неговата крв, и Јас ви ја дадов за жртвеникот за да ги очистувате душите ваши, бидејќи таа крв ја очистува душата. 12Поради тоа и им реков на синовите израелски: ниедна душа меѓу вас не смее да јаде крв, па ни придојдениот, кој живее меѓу вас, не смее да јаде крв. 13#Ез 24,7; 33,25; Дела 15,20А, ако некој од синовите израелски и од придојдените, кои живеат меѓу вас, фати во лов диво животно или птица, што се јаде, да ја пушти крвта да истече и да ја покрие со земја, 14#1 Мојс 9,4зашто душата на секое тело е во крвта негова и затоа им реков на синовите на Израел: не јадете крв од никакво тело, бидејќи душата на секое тело е во крвта негова; секој што ќе ја јаде, ќе биде истребен. 15#2 Мојс 22,30; 5 Мојс 14,21; Ез 4,14И секој кој јаде мрша или ѕверојадина, ваш или придојден, нека ја испере облеката своја, и да го измие телото свое со вода и ќе биде нечист до вечерта, а потоа ќе биде чист. 16Ако, пак, не ја испере, и не го измие телото свое со вода, ќе го прими своето беззаконие врз себе.“
Селектирано:
Левитска 17: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006