Исус Навин Вовед
Вовед
Книгата Исус Навин го прикажува освојувањето на хананската земја и населувањето на израелските племиња во неа, под водство на Исус, наследникот на Мојсеј. Во оваа книга без поголеми тешкотии може да се разграничат три позначајни целини:
Освојување на Ханан (1–12),
поделба на земјата (13–21)
и крај на Исусовиот живот (22–24).
Доделувањето на земјата на Неговиот народ, значи истовремено и остварување на ветувањата што Бог им ги беше дал на предците на Израелците, а кои му ги објави и на Мојсеј. Низ долговековната историја, во која се изразени односите помеѓу Бог и Израел, освојувањето на Ханан претставува етапа, која по својата важност би можела да се спореди со онаа на излегувањето од Египет. Токму како и при заминувањето од египетската земја, периодот на населувањето во хананската земја го одбележуваат бројни посредувања на Бога, Кој се бори на страната на Својот народ, обезбедувајќи му секогаш успех и победа.
Доделувањето и доверувањето на пределите кои се веќе освоени, или, пак, кои преостанува допрва да бидат освоени, исцрпно ја покажуваат грижата на Бога, Кој им вети на сите Израелци дека ќе живеат благодатно на поседот на една земја. И токму од таква гледна точка би требало да се читаат набројувањата на местата кои се содржани во одредени глави од книгата (13,15 и 16).
За сето време на прикажувањето на собитијата поврзани со освојувањето и доделувањето на хананската земја, книгата Исус Навин потсетува дека верноста на Бога кон Сопствените ветувања бара за возврат и посебно залагање на народот. Населувањето на Израелците во средина меѓу туѓинци, кои не знаат за Бога предизвикува нови опасности од појава на неверие. Токму поради тоа Исус ќе превземе еден потфат во форма на свечено обновување на сојузот односно заветот, при собирот во Сихем. Со тој настан завршува книгата за Исус Навин (24).
Народот таму по сопствен избор одлучува да Му служи на Бога. Оттогаш се открива долгата историја на Израелците и на нивната земја, чие поседување и владеење постојано ќе биде доведувано во прашање, а исто така ќе биде потребно израелскиот народ постојано да се потсетува и да биде опоменуван за барањата, кои се наметнуваат од изборот што тој самиот го направил.
Селектирано:
Исус Навин Вовед: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006