Исус Навин 1
1
Исус го наследува Мојсеја
1 #
2 Мојс 17,9; 5 Мојс 34,1-9 По смртта на Мојсеј, слугата Господов, Господ му рече на Навиновиот син Исус, служител на Мојсеј, велејќи: 2#1 Мојс 12,7; 5 Мојс 1,25„Мојсеј, слугата Мој умре; затоа сега стани, мини преку реката Јордан, ти и сиот овој народ, во земјата, што Јас им ја давам, на синовите Израелови. 3#14,9; 5 Мојс 11,24Секое место, на кое ќе стапнат стапалата на вашите нозе, вам ви го давам, како што му реков на Мојсеј: 4#5 Мојс 1,7од пустината и од Ливан дури до големата река, реката Еуфрат, целата земја Хитиска, и до Големото Море на запад ќе бидат ваши предели. 5#1,9.17; 3,7; 6,27; 1 Мојс 28,15; 2 Мојс 3,12; 5 Мојс 4,31; 7,24; 31,6-8; Евр 13,5Никој нема да ти се спротивстави во текот на сите денови од твојот живот; и како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе: нема да те оставам, ниту ќе те презрам. 6#5 Мојс 1,21; 3,28; 31,23Биди цврст и храбар, зашто ќе му ја разделиш земјата на овој народ, во наследство за која им се заколнав на татковците нивни дека ќе им ја дадам; 7#5 Мојс 5,32; 29,8само биди многу цврст и храбар, и грижливо пази да го извршиш сето она што ти го заповеда слугата Мој Мојсеј; не се отстранувај од сето тоа ни надесно ни налево, туку постапувај разумно во сѐ што ќе преземаш. 8#5 Мојс 28,61; Пс 1,1-3Да не се одделува од устата твоја оваа книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноќе, за да разбереш како ќе го извршуваш сѐ она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во твоите патишта и умно ќе постапуваш. 9#5 Мојс 31,6-8; Ер 1,8Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај, зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.“
Исус го подготвува преминувањето на Јордан
10 #
5 Мојс 1,15; 16,18 Тогаш Исус им заповеда на народните управители и рече: 11#4 Мојс 33,53„Влезете меѓу народот и заповедајте им на луѓето и кажете им: ‚пригответе си храна за пат, зашто по три дена ќе ја минете реката Јордан, и ќе влезете да ја преземете земјата, која Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство.‘“ 12#4 Мојс 32; 5 Мојс 3,18-20А на племето Рувимово, Гадово и на половината од Манасиевото племе, Исус им рече: 13#2 Мојс 33,14; Ис 28,12; 32,18„Спомнете си, што ви заповеда Мојсеј, слугата Господов, велејќи: ‚Господ, вашиот Бог ве успокои и ви ја даде оваа земја; 14вашите жени, вашите деца и вашиот добиток нека останат во земјата, што Мојсеј ви ја даде од оваа странана Јордан#1,14 Источно од Јордан; а вие храбрите, што можете да војувате, тргнете вооружени пред браќата ваши и помагајте им, 15#22,1-6додека Господ, не ги успокои браќата ваши, како и вас; додека и тие не ја наследат таа земја, која Господ, вашиот Бог, им ја дава; тогаш вратете се во наследството свое и земете ја земјата, која Мојсеј, слугата Господов, ви ја даде од оваа страна на Јордан, каде изгрева сонцето.‘“ 16Тие му одговорија на Исус: „Сѐ што ни заповедаш, ќе направиме, и каде и да не праќаш, ќе одиме; 17како што го слушавме Мојсеј, така ќе те слушаме и тебе; само Господ, твојот Бог, да биде со тебе, како што беше со Мојсеј; 18#5 Мојс 17,12секој, што ќе се противи на твојата заповед и нема да ги послуша твоите зборови за сѐ, што ќе му заповедаш, ќе биде погубен. Само биди цврст и храбар!“
Селектирано:
Исус Навин 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006