Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 17

17
Одговор на Јов (продолжение): немам повеќе надеж
1 # Ис 38,10; Пс 88,3-5 „Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене. 2Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ќе беше спокојно. 3Заштити ме, застапи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ќе се заложи за мене? 4#42,7-8Зашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа не­ма да им дозволиш да ликуваат. 5Кој им го дели на пријателите свои лебот свој, неговите деца чекаат попусто. 6#30,9Предмет за исмејување Тој ме направи и секој може в лице да ми плукне. 7Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат. 8#Ис 52,15Ќе занемеат храбрите пред страда­њето мое и невиниот ќе се дигне против безбожникот. 9Но праведникот ќе се држи цврсто за својот пат, и оној со чисти раце ќе ја удвои силата своја. 10#13,5-12Вратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар меѓу вас. 11Деновите мои изминаа; замислите мои – тежина на срцето мое – пропаднаа. 12#24,13А тие сакаат ноќта во ден да ја претворат и светлината брзо да дојде, кога мракот паѓа. 13А мојата надеж е одењето в гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја; 14на гробот ќе му речам: ти си ми татко, а на црвот – ти си ми мајка и сестра. 15#19,10Каде е надежта моја? И кој може неа да ја види? 16#20,11Ќе слезе таа во пеколот и заедно со мене во правот ќе почива.“

Селектирано:

Јов 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се