Јов 18
18
Говор на Вилдад: стапица за беззаконикот
1Проговори Вилдад од Шуах и рече: 2#11,3„Кога најпосле ќе им ставиш крај на таквите зборови? Размисли се, па потоа да зборуваме. 3Зошто нѐ сметаш за неразумни животни? Зар сме животни во твоите очи? 4#15,2О ти, кој во гневот свој ја раскинуваш душата своја! Зарем заради тебе да запусти земјата и карпата да се крене од своето место? 5#18,18Да, светлината кај беззаконикот ќе згасне, и пламенот од огнот негов нема да остане. 6#Ер 25,10; Јн 8,12Светлината ќе потемнее во шаторот негов, светилото негово ќе згасне над него. 7#Пс 18,36; Изреки 4,12Стапките на силата негова ќе ослабат, сопствената мисла ќе го отфрли, 8#19,6; 22,10; Пс 35,7-8; 140,6зашто ќе падне во мрежа со нозете свои, и по јамки ќе оди. 9Јамката ќе ја фати ногата негова и врвцата ќе се затегне околу него. 10Скришно се поставени за него сопки на земјата, пречки има на патот по кој оди. 11#15,21Ужаси од секаде го демнат и тој се метка наваму – натаму. 12Од глад се истоштува силата негова, смртта е готова, близу е до него. 13#27,15Таа ќе ги испојаде деловите на кожата негова, ќе ги испојаде деловите негови првенецот на смртта. 14#20,25Од безбедноста на шаторот негов сосила го извлекуваат и при царот на ужасите го водат. 15#5 Мојс 29,22; Ис 34,9; Пс 11,6Ќе се населат во шаторот негов, зашто веќе не е на него: живеалиштето негово ќе биде посипано со сулфур. 16Одоздола ќе се исушат корените негови, одозгора ќе овенат ветките негови. 17#Пс 9,5; 34,17; 109,13Споменот за него ќе исчезне од земјата, на плоштадот ќе го нема името негово. 18#Изреки 10,7Ќе го изгонат од светлина во темнина и ќе го истераат од лицето на земјата. 19#Ис 14,22; Ер 22,30; Пс 37,28Ни син негов, ни внук нема да има во народот негов: никој нема да остане во живеалиштата негови. 20На Запад и на Исток ќе се чуе за судбината негова, ужас и трепет меѓу луѓето ќе настане. 21Таква е судбината на беззаконикот, тоа го чека живеалиштето на оној, кој не знае за Бога.“
Селектирано:
Јов 18: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006