Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 16

16
Одговор на Јов: имам сведок на небото
1Одговори Јов и рече: 2#13,1„Сум се наслушал на такви рабо­ти; никакви утешители сте сите вие! 3Ќе имаат ли крај празните збо­рови? И што те поттикнало да ми говориш така? 4#Мт 27,39И јас можев да зборувам исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас; 5#Изреки 27,9би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал. 6Ако говорам, скрбта моја не се ста­ложува; ако замолчам, зар ќе ме одмине? 7Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад. 8#19,20Ти ме покри со брчки, за сведош­тво против мене; мојата истоштеност се крева против мене, в лице ме прекорува. 9#10,16Гневот Твој ме измачува и непријателствува против мене, ми чкрта со забите; непријателот ги впива очите во мене. 10Ја отвориле устата против мене; навредувајќи ме, ме удираат по образите; сите направиле заговор против мене. 11#30,1; 30,12-14Бог ме предаде на беззаконикот и ме предаде во рацете на нечестивите. 12Си бев спокоен, но Тој ме по­тресе; ме фати за вратот, ме затресе и ме постави за цел на Себеси. 13#6,4; 7,20; 30,16; 34,6Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја, 14#10,17пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец. 15Вреќиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја. 16#17,7Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка, 17#31,1-34иако во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста. 18#1 Мојс 4,10; 37,26; Ис 26,21; Ез 24,7.8Земјо, не криј ја крвта моја; нека мојот повик насекаде се слушне. 19#Пс 9,12; Мт 23,35; Дела 18,24И сега, ете, на небото Сведок имам; Застапникот ми е во висините! 20#2 Мојс 3,7; Пс 79,11Се потсмеваат со мене пријателите мои, а очите ми солзат пред Бога. 21#Пс 88,2; 102,2; Плач 3,44; Откр 8,3-4О, да можеше човек да се натпреварува со Бога, како синот човечки со својот ближен! 22#7,9; 10,21; 14,12Зашто крајот на годините мои доаѓа; на пат без враќање треба да појдам.“

Селектирано:

Јов 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се