Јов 15
15
Говор на Елифаз: лошиот човек нема да се спаси
1Проговори Елифаз од Теман и рече: 2#18,2„Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар? 3Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила? 4Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш. 5#Лк 6,45; 19,22Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите. 6Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе. 7#Изреки 8,25Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден? 8#Ер 23,18; Рим 11,34Зарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил? 9Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас? 10Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти. 11#16,2Зар се за тебе малку Божјите утехи? И Неговите благи зборови? 12Кон што те соблазнува срцето твое, кон што така гордо гледаш? 13Зошто го устремуваш против Бога духот свој и со устата своја изнесуваш такви зборови? 14#4,17-18; 14,4; 25,4Што е човекот, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен? 15#25,5Ете, Тој и на светите Свои не се доверува, и небесата се нечисти во Неговите очи: 16#34,7толку повеќе е нечист и грешен човекот, кој го пие беззаконието како вода. 17Јас ќе ти говорам, слушај ме; ќе ти раскажам она што сум го видел, 18#8,8-10; 5 Мојс 32,7-8што го слушале мудрите и не го сокриле слушнатото од татковците свои, 19на кои им била дадена оваа земја, и меѓу кои туѓинец никогаш не стапнал. 20Нечесниот се мачи себеси преку сите свои денови, годините му се одброени на потисникот; 21#18,11-14звук од ужас секогаш е во ушите негови; додека мирува, непријателот налетува на него. 22Не се надева да се спаси од темнината; пред себеси гледа меч. 23#10,21За парче леб скита постојано; знае дека е сосема близу денот на неговата смрт. 24#10,17Нужда и теснотија го застрашуваат; навалуваат на него; како цар, готов за бој, 25затоа што кревал рака против Бога и Му се противел на Седржителот, 26се спуштал против Него со гордост, зад дебелите свои штитови; 27#21,24; Пс 73,4затоа што го покрил лицето со маста своја и ги здебелил бедрата свои. 28#3,14И тој се населува во разурнати градови, во куќи, каде што не се живее и кои набрзо ќе станат урнатини. 29#20,18-20Тој нема да се збогати, и имотот негов нема да напредува; ниту поседот негов ќе се рашири по земјата. 30#8,12Нема да избега од темнината; пламен ќе ги исуши ветките негови, во здивот на пламена уста ќе изчезне. 31#Ис 28,15.18; 59,4Заблудениот нека не ѝ се доверува на суетата, затоа што суета ќе биде и платата негова. 32#Проп 7,17Тој предвреме ќе умре, и ветките негови никогаш нема да се раззеленат. 33#8,12; 14,2Ќе го фрли тој како лоза неузреаното грозје свое, како маслинка ќе го истресе цветот свој. 34#20,26Така ќе опустее домот на нечестивиот, и оган ќе ги голтне шаторите на поткупништвото. 35#Ис 59,4; Пс 7,14; Изреки 22,8Тој зачна зло и роди лага, во утробата своја подготвува измама.“
Селектирано:
Јов 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006