Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 14

14
Одговор на Јов (крај): тажното човеково постоење
1„Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји: 2#Ис 40,6-8; Пс 37,2; 41,1-4како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира. 3#Пс 8,4; 144,3И врз него ли ги отвораш Ти очите Свои, и пред Себе на суд го водиш? 4#4,17; 9,30; 15,14; 25,4; Пс 51,6Кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден! 5#Пс 144,4; Проп 6,12Па кога дните му се определени, кога бројот на месеците од Тебе зависи, ако си му определил меѓа, преку која не може да мине, 6#9,30-31; 15,14тогаш оддалечи се од него: нека си здивне додека како наемник не го заврши денот свој. 7#Ис 6,13За дрвото сепак има надеж, бидеј­ќи тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него не­престајно избиваат, 8макар и да е остарен коренот не­гов во земјата, и пенушката да му замрела во прав, 9но штом ќе осети вода, тоа дава младици и пушта фиданки, како да е одново посадено. 10#Проп 3,21А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој? 11#Ис 19,5; 51,6; Пс 102,26Истечуваат водите од езерото, и реката секнува и пресушува: 12така и човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да стане и нема да се разбуди од својот сон. 13#Ис 26,20; Амос 9,2О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој, да беше ми одредил рок и после да си спомнеше за мене! 14#7,1Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак? Во сите денови на одреденото време би чекал додека ми дојде смената. 15Ти би викнал, и јас би Ти дал одго­вор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце; 16#10,6; 31,4а сега ги броиш стапките мои и го демнеш секој мој грев; 17#9,30-31во свиток го запечати беззаконието мое, и секоја вина моја ја запиша. 18#16,12; 18,4Но планината паѓајќи се урива, и карпата се поместува од местото свое; 19водата ги излижува камењата; сли­вот го одвлекува земниот прав: така ја уништуваш Ти и надежта на човекот. 20Го притискаш докрај, и тој заминува; го менуваш лицето негово и го испраќаш. 21#21,21На почит ли се децата негови – тој не знае; унижени ли се – тој не забе­лежува; 22но плотта на него боледува, и душа­та во него страда.“

Селектирано:

Јов 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се