Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 19

19
Престапот на Венијаминците од Гива
1 # Рута 1,1 Во она време, кога Израел немаше цар, имаше еден левит, кој како придојден живееше во Ефре­мовата Планина. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски. 2Но наложницата негова се скара со него и си отиде во домот на татко ѝ, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци. 3Мажот ѝ тргна да оди кај неа за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две магариња. Таа го воведе во татковиот дом. 4#2 Мојс 32,6Тестот негов, таткото на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дни: јадеа, пиеја и ноќеваа таму. 5#1 Мојс 24,54-59На четвртиот ден станаа рано, стана и тој за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: „Пот­крепи го срцето свое со залак леб, и потоа ќе тргнете.“ 6#16,25Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: „Остани уште една ноќ, и развесели се!“ 7Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак ноќеваше таму. 8На петтиот ден изутрината тој стана за да си оди. А таткото на младата жена рече: „Поткрепи си го срцето свое, и почекајте, додека да измине денот.“ И јадеа двајцата. 9И стана човекот да си оди, со на­ложницата негова и неговиот слуга. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: „Еве, почна да се стемнува, ноќевајте, ве молам, денот е на свр­шу­вање, ноќевај тука, развесели се; утре рано ќе тргнете на пат, и ќе си одиш во домот свој!“ 10#Ис.Н. 15,8; 18,16.28Но мажот не се согласи да ноќева, стана и тргна; и наближи до Јевус, кој е сега Ерусалим, со двете натоварени магариња и наложницата со него. 11Кога беа близу до Јевус, денот веќе беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: „Да навратиме во овој јевусиски град и да ноќеваме во него.“ 12Господарот му одговори: „Не, нема да одиме во град на туѓинци, кои не се од синовите Израелови, а ќе појдеме во Гива.“ 13И му рече на слугата свој: „Оди да стигнеме до едно од местата на Гива и ќе ноќеваме во Гива или во Рама.“ 14Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гива Венијаминова. 15#1 Мојс 19,2И тие навратија таму, за да одат да ноќеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да ноќеваат. 16#Ос 9,9; 10,9И ете, еден старец се враќаше вечерта од полска работа; тој беше ро­дум од Ефремовата Планина и живее­ше како придојден во Гива. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминови синови. 17#1 Мојс 29,4Кога ги крена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: „Каде одиш и од каде доа­ѓаш?“ 18Тој му одговори: „Од Витлеем Ју­дејски одиме во Ефремовата Планина, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот свој; и никој не ме поканува во својот дом; 19#1 Мојс 14,18си имаме и слама и храна за своите магариња; исто така има и леб и вино за мене и за мојата жена и за овој човек, кој ме придружува мене, твојот слуга; од ништо немаме потреба.“ 20Старецот му рече: „Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ќе се погрижам, само на улица не ноќевај.“ 21#1 Мојс 18,4; 19,2; 24,32; 43,24; Лк 7,44И го одведе во домот свој и им даде храна на магарињата негови, а самите тие си ги измија нозете, јадеа и пиеја. 22#16,25; 20,5; 1 Мојс 19,4-5; 5 Мојс 13,14; Рим 1,26-27Додека се веселеа, ете, градските жители, развратници, ја опколија ку­ќата, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куќата: „Изведи го човекот, кој влезе во куќата твоја за да имаме однос со него.“ 23#20,6; 1 Мојс 19,6-8; 34,7; 3 Мојс 19,29Стопанот на куќата излезе пред нив и им рече: „Не, браќа мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куќата моја, не правете го тоа безумие; 24#1 Мојс 19,8еве, јас имам ќерка девица, а тој има наложница, ќе ги изведам, осра­мете ги и правете со нив, сѐ што ви е мило; а со тој човек не правете го тоа безумие.“ 25#20,5Но тие не сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде својата наложница и ја изведе кај нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела ноќ до утрината. И ја пуштија во зората. 26И во зората дојде жената, падна пред куќната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување. 27Господарот нејзин стана утрината, ја отвори куќната врата и излезе за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред куќната врата, со рацете на прагот. 28Тој ѝ рече: „Стани, ќе одиме!“ Но одговор немаше. Тој ја стави на магарето, стана и замина за местото свое. 29#20,6; 1 Сам 11,7Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати својата наложница, ја пресече по деловите на телото нејзино на два­наесет делови и ги испрати по сите краеви на Израел. 30#20,7И им рече на луѓето што ги ис­прати: „Така зборувајте по сиот Из­раел: Дали се случило или сте виделе вакво нешто досега од денот кога Израеловите синови излегоа од египетската земја? Затоа размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!“

Селектирано:

Судии 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се