Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 20

20
Во одмаздувачка војна против Венијаминците
1 # 1 Сам 3,20; 2 Сам 3,10; 17,11; 24,15; 2 Лет 30,5 Тогаш излегоа сите синови Израелови, и се собра целата заедница како еден човек од Дан до Вирсавија и од Галаадската земја пред Господ во Мицпа. 2Се собраа старешините на сиот на­род, сите племиња Израелови, во собра­нието на народот Божји, – четиристотини илјади пешаци мечоносци. 3А Венијаминовите синови слушнаа дека синовите Израелови дошле во Мицпа. И Израеловите синови запра­шаа: „Кажете, како станало тоа зло?“ 4Левитот, мажот на убиената жена, одговори и рече: „Дојдов со својата на­ложница да ноќевам во Гива Венијами­нова; 5#19,22и се кренаа против мене жителите на Гива и преку ноќта ја опколија заради мене куќата; мене сакаа да ме убијат, а мојата наложница ја силуваа, така што таа умре; 6#19,23.29; 5 Мојс 22,21јас ја зедов наложницата своја, на парчиња ја исеков и ја испратив во сите краеви на наследството Израелово, бидејќи тие извршија незаконито и срамно дело во Израел; 7#19,30ете, сите вие, синови Израелови, разгледајте го тоа дело и решете тука.“ 8И се крена сиот народ како еден човек и рече: „Никој нема да отиде во шаторот свој и никој нема да се врати во домот свој. 9А еве што ќе направиме сега со Гива: да фрлиме ждрепка 10и ќе избереме по десет мажи на сто од сите Израелови племиња, по сто на илјада и по илјада на десет илјади за да донесат храна за народот, кој ќе тргне против Гива Венијаминова, за да ја казни за срамот што го изврши против Израел.“ 11И сите Израелци се собраа против градот еднодушно, како еден човек. 12#5 Мојс 13,14; 1 Кор 3,15И Израеловите племиња испратија луѓе да му кажат по целото Венија­ми­ново племе: „Каква гнасотија е изврше­на кај вас! 13#5 Мојс 13,6А сега, предајте ги тие развратници што се во Гива; ние ќе ги убиеме и ќе го искорениме злото од Израел.“ Но синовите Венијаминови не сакаа да го послушаат гласот на браќата свои, синовите Израелови. 14И синовите Венијаминови од гра­довите се собраа во Гива, за да тргнат во војна против синовите Израелови. 15А во оној ден Венијаминовите синови што се беа собрале од градовите свои, се изброија дваесет и шест илјади мажи мечоносци; освен тоа од жите­лите на Гива имаше одбрани на број седумстотини. 16#3,15Во сиот тој народ имаше седумстотини меѓу одбраните мажи, кои беа леваци, и сите тие фрлаа камења со праќи, без да погрешат. 17А Израелците, без Венијаминовите синови, броеја четиристотини илјади души мечоносци; сите тие беа способни за војна. 18#1,1; 20,27Тогаш Израеловите синови станаа и отидоа во Божјиот дом и Го запрашаа Бога: „Кој од нас прв ќе тргне во бој против синовите Венијаминови?“ И Господ одговори: „Јуда прв нека оди.“ 19Утрината станаа синовите Израе­лови и се распоредија на табори пред Гива; 20и излегоа Израелците за борба против Венијамин и се наредија синовите Израелови во бојни редови близу до Гива. 21Тогаш излегоа од Гива и синовите Венијаминови и во тој ден убија дваесет и две илјади Израелци. 22Но, народот израелски се созеде и пак се нареди за борба на истото место, каде што беше претходниот ден. 23#4 Мојс 11,4; 14,1; 2,4; 21,2; 1 Сам 11,4; Езд 10,1И отидоа синовите Израелови пред Господ и плачеа до вечерта, па Го прашаа Господа: „Да влеземе ли пак во борба со синовите на нашиот брат Венијамин?“ Господ им рече: „Одете против него!“ 24И вториот ден Израеловите синови пак настапија против синовите на Венијамин. 25Во тој ден излезе и Венијамин од Гива и беа убиени од синовите Израе­лови уште осумнаесет илјади души мечоносци. 26#1 Сам 7,6; 2 Сам 12,16; Ис 3,26; 47,1; Пс 137,1; Јов 2,13; Езд 9,3Тогаш сите Израелови синови и сиот народ тргнаа и дојдоа во Божјиот дом, па седеа таму и плачеа пред Господ, постеа целиот ден до вечерта и Му принесоа на Бога сепаленици и жртви за мир. 27#18,5И Го прашаа синовите Израелови Господа, – во тоа време ковчегот на заветот беше таму, – 28и Финес, синот Елеазаров, син Аронов, стоеше пред него: „Дали да излеземе пак против нашиот брат Вени­јамин или не?“ Господ им рече: „Одете! Утре ќе го предадам во вашите раце.“ 29#8,4Тогаш Израел постави заседа околу Гива. 30На третиот ден излегоа синовите Израелови против синовите на Венија­мин, па, како и порано, се наредија за борба против Гива. 31#Ис.Н. 8,6.16Венијаминовите синови излегоа против народот и се оддалечија од гра­дот, и почнаа, како порано, да убиваат од народот по патиштата, од кои еден води за Ветил, а друг во Гива, преку полето, и убија до триесет души Изра­елци. 32И Венијаминовите синови си рекоа: „Тие паѓаат пред нас како порано.“ А Израеловите синови си рекоа: „Да бегаме од нив и да ги одвлечеме од градот на патот.“ 33#8,19Тогаш сите Израелци станаа од местото свое и се наредија во Ваал-Та­мар. А Израеловата заседа се спушти од местото свое од западната страна на Гива. 34И се собраа против Гива десет илјади души одбрани од сиот Израел, и почна жестока борба. Но Венијамино­вите синови не знаеја дека ќе ги снајде зло, 35и Господ го разби Венијамин пред Израел, и Израелците кутнаа во тој ден од синовите Венијаминови дваесет и пет илјади и сто души вооружени со мечеви. 36Кога Венијаминовите синови по­мис­лија дека се совладани од Израел­ците, кои им направија место, бидејќи Изра­елците се надеваа на заседата, што ја беа поставиле близу до Гива, 37#8,19заседата побрза и се спушти кон Гива, – влезе и го порази со меч целиот град. 38#8,20; Ис.Н. 8,4-8Израелците си беа договориле знак со заседата, да нападнат, кога ќе се крене дим од градот. 39И така, кога Израелците отстапија од местото на борбата, и Венијамин почна да поразува и кутна до триесет души Израелци, велејќи: „Пак паѓаат пред нас, како и во поранешните судири“, 40#Ис.Н. 8,20тогаш почна да се издига од градот дим како столб. Венијамин погледна назад, и ете, од целиот град излегува дим кон небото. 41И Израелците се вратија, а Вени­јамин се уплаши, бидејќи виде дека го снашло зло. 42И избегаа синовите Венијаминови од Израелците по патот кон пустината, но беа следени со колеж, и оние што излегуваа од градовите, таму ги убиваа; 43го опколија Венијамин и го гонеа без почивка и го поразуваа до самата источна страна на Гева. 44И од синовите Венијаминови паднаа осумнаесет илјади души, силни мажи. 45А од другите што се свртеа и се спуштија спрема пустината, кон карпата Римон, насобраа пет илјади и ги гонеа дури до Гидом, и од нив убија две илјади души. 46Сите, пак, Венијаминови синови, паднати тој ден, беа дваесет и пет илјади души, вооружени со мечеви, сите беа силни мажи. 47Другите се свртеа и избегаа во пустината, накај карпата Римон, шестотини души и таму останаа четири месеци. 48А Израелците се вратија кај си­новите Венијаминови и ги поразија со меч, и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ што имаше останато, и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.

Селектирано:

Судии 20: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност