Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 18

18
Дановото племе го освојува Лаис
1 # 1,34; 17,6; Ис.Н. 19,47 Во тие денови Израел немаше цар; и во тоа време, пак, Дановото племе си бараше дел, каде да се насели, зашто дотогаш не му беше паднал полн дел меѓу израелските племиња. 2#17,1; 4 Мојс 13–14; 5 Мојс 1,22-25; Ис.Н. 2,1И Дановите синови испратија од племето свое петмина храбри мажи, од Цора и од Ештаол, за да ја прегледаат земјата и да ја испитаат, и им рекоа: „Одете, проучете ја земјата!“ Тие дојдоа во Ефремовата Планина, близу до домот на Миха, и таму ноќеваа. 3#17,7Откако влегоа во домот на Миха, тие го познаа гласот на младиот левит, влегоа таму и го прашаа: „Кој те доведе овде? Што правиш тука? Зошто си овде?“ 4#17,12Тој им одговори: „Така и така на­прави за мене Миха, ме најми, и јас сум му свештеник.“ 5#20,18.23.27; 1 Мојс 25,22; 1 Сам 23,9-12; 2 Сам 5,19; 2 Цар 1,2; 8,8Тие тогаш му рекоа: „Прашај Го Господ Бог за да знаеме, успешен ли ќе биде патот наш, по кој сме тргнале.“ 6#2 Мојс 4,18; 1 Сам 1,17; Лк 7,50; 8,48Свештеникот им рече: „Одете со мир; пред Господ е патот ваш, по кој сте тргнале.“ 7И петмината мажи тргнаа, и дојдоа во Лаис, и видоа дека тамошниот народ живее спокојно, според обичајот на сидонците, дека е тих и безгрижен, и дека нема во оваа земја, кој да онеправда во нешто, или да има власт: тој народ живееше далеку од сидонците и со никого немаа никаква работа. 8И кога се вратија кај браќата свои во Цора и Ештаол, и браќата нивни ги запрашаа: „Што направивте?“ 9#Ис.Н. 18,3Тие одговорија: „Станете да одиме против нив; ние ја видовме земјата, таа е многу убава. Што, вие се двоумите? Не задржувајте се и тргнете да ја завладееме таа земја; 10#5 Мојс 8,9а кога ќе тргнете, ќе дојдете кај еден народ безгрижен, и таа земја е широка; Бог ја предава во ваши раце; местото е такво што нема скудности во нешто што дава земјата.“ 11И тргнаа оттаму, од Цора и од Еш­таол, шестотини мажи од Дановото племе вооружени. 12Тие тргнаа и поставија логор во Кирјат-Јарим, во Јудеја. Затоа и до денес она место го нарекуваат Данов логор. Тој е од онаа страна на Кирјат-Јарим. 13#17,1Оттука тие тргнаа кон Ефремовата Планина и дојдоа кај домот на Миха. 14#1 Сам 25,17И петмината мажи што беа оделе да ја прегледаат земјата докај Лаис, им рекоа на браќата свои: „И дали знаете дека во еден од тие домови има ефод, серафим, идол и излеана статуа? И така, помислете што да се прави.“ 15И навратија таму и влегоа во домот на младиот левит, во домот на Миха, и го поздравија. 16А шестотините Данови синови, воо­ружени, стоеја кај вратата. 17#1 Мојс 31,19; Мих 5,13Петмината, пак, мажи што беа оделе да ја обиколат земјата, отидоа, влегоа таму, го зедоа идолот и ефодот, серафимот и излеаната статуа. А свеш­теникот стоеше кај вратите со шестотините души, вооружени. 18Кога влегоа во домот на Миха и го зедоа идолот, ефодот, серафимот и излеаната статуа, свештеникот им рече: „Што правите?“ 19#17,10Тие му одговорија: „Молчи, стави ја раката на устата своја и оди со нас и биди ни татко и свештеник; подобро ли ти е да бидеш свештеник во домот на еден човек, отколку да бидеш свеш­теник во Израелово племе и род?“ 20Свештеникот се зарадува, го зеде ефодот, серафимот и идолот, и тргна со народот. 21Тие свртеа и тргнаа, и ги испратија напред децата, добитокот и тешките предмети. 22#1 Мојс 31,23Кога се оддалечија од домот на Миха, жителите, соседи на Миховиот дом, се собраа и се втурнаа по Дановите синови 23и викаа по Дановите синови. Да­новите синови се свртеа и му рекоа на Миха: „Што ти е, што викаш толку?“ 24Миха одговори: „Ми ги зедовте бо­говите што бев ги направил, и свеш­теникот, и си заминавте. Што ми остана уште, па велите: што ти е?“ 25А Дановите синови му рекоа: „Да не се чуе гласот твој повеќе, инаку, не­кој од нас, ако се налути, ќе те нападне, и ти ќе си ја загубиш душата своја и челадта своја.“ 26И Дановите синови тргнаа по па­тот; а Миха, откако виде дека се тие посилни од него, си тргна назад и се врати во домот свој.
Градот Дан и неговото светилиште
27 # Ис.Н. 19,47 А тие откако го зедоа она што го беше направил Миха, и свештеникот, кој беше со него, отидоа во Лаис против спокојниот и безгрижен народ, и го поразија со меч, а градот го изгореа со оган. 28Немаше кој да помогне, зашто тој беше оддалечен од Сидон и со никого немаше работа. Тој град се наоѓаше во долината што е близу до Бет-Рехов. И изградија одново град и се населија во него. 29#Ис.Н. 19,47Тие го нарекоа градот со името Дан, според името на нивниот предок Дан, Израеловиот син; а порано тој град се викаше Лаис. 30И Дановите синови си поставија идол; Јонатан, пак, синот на Гершом, Манасиев син, тој и синовите негови, беа свештеници во Дановото племе сѐ до денот, кога жителите на онаа земја се преселија; 31#21,19; Ис.Н. 18,1.8; 1 Сам 1,3.9.24; Ер 7,12и си имаа идол што беше направен од Миха, за сето време, додека домот Божји се наоѓаше во Силом.

Селектирано:

Судии 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се