Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 17

17
Идолопоклоникот Миха
1 # 3,27; 18,13 Имаше еден човек од Ефремовата Гора, по име Миха. 2#1 Сам 13,15; 23,21; 2 Сам 2,5; Рута 2,20; 3,10Тој ѝ рече на мајка си: „Илјада и сто шекели што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа сребро е кај мене, јас го зедов.“ Мајка му рече: „Благословен нека биде синот мој пред Господ!“ 3#18,17-18; 2 Мојс 20,4; 5 Мојс 27,15И тој ги врати на мајка си илјадата и сто шекели сребро. И мајка му рече: „Тоа сребро го посветив од себе на Господ за мојот син за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам.“ 4#2 Мојс 32,4; Ис 17,8Но тој ѝ го врати среброто на мајка си. Мајка му зеде двеста шекели сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, која стоеше во домот на Миха. 5#8,27; 2 Мојс 29,9И така, Миха имаше дом Божји. И направи тој ефод и серафим и посвети еден од синовите свои за да му биде свештеник. 6#18,1; 19,1; 21,25; 5 Мојс 12,8Во тие денови Израел немаше цар; затоа секој го правеше она што го сметаше за право. 7#1 Сам 16,4; Мих 5,1; Мт 2,1Тогаш живееше таму еден млад човек, левит, од Витлеем Јудејски, од Јудиното колено; 8тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено за да се насели како придојден каде што ќе најде погодно место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата Гора, до домот на Миха. 9И Миха го запраша: „Од каде доаѓаш?“ А тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем Јудејски и одам да се населам, каде што ќе најдам погодно место.“ 10#18,19А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми татко и свештеник; ќе ти давам годишно по десет шекели сребро, потребната облека и исхрана.“ 11Левитот се согласи да остане кај оној човек, и тоа момче му беше како син. 12#18,4Миха го посвети левитот, и тој момок му беше свештеник и живееше во домот на Миха. 13И Миха си рече: „Сега знам дека Господ ќе ми прави добро, зашто имам левит свештеник.“

Селектирано:

Судии 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност