Исаија 31
31
Слаба помош од Египќаните. Божја помош во борбата против Асирците
1 #
30,1-7; 36,9; Ос 1,7; Пс 20,7 Тешко им на оние што одат во Египет за помош: кои се надеваат на коњи и се потпираат на бојни коли, зашто биле многу, и на коњаници, зашто биле многу силни, а на Светецот Израелов не погледнуваат и кон Господ не прибегнуваат! 2#28,21; 29,20; 4 Мојс 23,19Но и Тој е мудар: ќе испрати неволја, и нема да ги порекне зборовите Свои; ќе се крене против домот на нечесните и против помошниците на оние што вршат беззаконие. 3#2 Мојс 14,26; Ез 28,2.9; Пс 146,3Египќаните се луѓе, а не Бог; и коњите нивни им се тело, а не дух. Ќе ја протегне раката Своја Господ, и ќе се сопне заштитникот, ќе падне заштитуваниот и сите заедно ќе загинат. 4#42,13; Ер 25,30; Ос 5,14; Амос 3,8Зашто вака им рече Господ: „Како лав, како лавче, кое рика над пленот свој, макар и многу овчари да му викаат, од викањето нивно нема ни да трепне и пред нивното множество нема да отстапи, – така Господ Саваот ќе слезе да војува за гората Сион и за нејзиниот рид. 5#37,35; 5 Мојс 32,11; Пс 36,7; 91,4Како птиците – пиленцата, така Господ Саваот ќе го покрие Ерусалим, ќе го заштити и ќе го избави, ќе го сожали и ќе го спаси.“
Вратете се кај Господ
6 #
1,2-4; Ер 3,12.22; Ос 14,2 Обратете се кон Оној, од Кого толку сте отстапиле, синови Израелови! 7#2,20; 30,22Во тој ден секој човек ќе ги отфрли своите сребрени и златни идоли, што рацете ваши ги направија вам за грев. 8#27,1; 34,5-6; 2 Цар 19,35И Ашур ќе падне не од човечки меч, нема човечки меч да го премавне, тој ќе избега од мечот, но младината негова ќе плаќа данок. 9#30,17.33И од страв тој ќе избега од тврдината своја; кнезовите негови исплашени ќе го напуштат своето знаме, вели Господ, чиј оган е на Сион, а огништето – во Ерусалим.
Селектирано:
Исаија 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006