Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 30

30
Не очекувајте помош од Египет
1 # 1,4; 5,21; 28,15; 29,15 Тешко им на непокорните синови, вели Господ, кои се советуваат, но без Мене, и склучуваат со­јузи, но не според Мојот дух, за да дода­ваат грев врз грев: 2#31,1; 36,6; Ер 2,18; Ез 31,6а да не ја прашаат устата Моја, одат во Египет, за да се поткрепуваат со силата на фараонот и да се сокријат под сенката на Египет. 3#20,5; 36,5-9; Ер 2,36Но силата фараонова ќе биде срам за вас, а засолништето под сенката на Египет – бесчестие; 4#19,11зашто кнезовите негови веќе се во Цоан, а гласниците негови стигнале до Ханес. 5#Плач 4,17Сите тие ќе бидат посрамени заради народот, кој е бескорисен за нив; од него нема да има ни помош, ни корист, туку – срам и подбив. 6#8,22; 14,29; 4 Мојс 21,4-9; 5 Мојс 8,14-15Пророштво за животните од Негев: натоварени животни одат кон југ, по земјата на маката и бедата, од каде што излегуваат лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на магарињата своите богатства и врз грбовите на камилите – своите ризници кон народ, кој нема да им донесе полза. 7Зашто помошта од Египет ќе биде залудна и без корист; затоа Јас ги нареков: „Неподвижната Рахав“#30,7 неизвесно значење..
Непослушниот Израел
8 # 8,1-2; Ер 30,2; 36,2 Сега оди, напиши им го тоа на штичка, и запиши го во книга, за да остане за во иднина, засекогаш и довека. 9#1,4; 10,6; 5 Мојс 32,19.20Зашто тоа е народ непокорен, деца лажливи, деца, кои не сакаат да го слушаат законот Господов, 10#29,10; 1 Цар 22,8-27; Ер 11,21; Амос 2,12; 2 Тим 4,3кои им говорат на јасновидците: „Престанете да предвидувате“, и на пророците: „Не ни пророкувајте правда, говорете ни ласкаво, претскажувајте го она што ни е пријатно; 11#1,4; Јов 21,14слезете, тргнете се од патеката; отстранете го од очите наши Светецот Израелов.“ 12#28,15; Пс 62,10Затоа вака вели Светецот Изра­елов: бидејќи вие го отфрливте тоа сло­во, а се надевате на измама и неправда, и се потпирате на нив, 13#Ез 13,14затоа ова беззаконие ќе биде за вас како пукнатина надвисната за да падне, чие уривање ќе стане ненадејно, во еден миг. 14#Ер 19,11; Пс 2,9И уривањето ќе биде како кршење на глинен сад, разбиен немилосрдно, така што во кршот не ќе се најде ни парченце, со кое би се земал оган од огниште, или би се зафатила вода од вир.
Имајте доверба во Господ
15 # 7,4.9; 28,12; 45,22; Ер 3,22; Мт 23,37 Зашто вака вели Господ Бог, Све­тецот Израелов: „Ако останевте на мес­тото и мирувавте, ќе се спасевте; во кротката надеж е вашата сила, но вие не сакавте 16#Ер 4,13; Ос 1,7; Плач 4,19и велевте: ‚не, ние ќе избегаме на коњи‘, – затоа и ќе бегате; ‚ние со брзи коњи ќе избегаме‘ – затоа и оние што ве гонат, ќе бидат брзи. 17#11,10; 5 Мојс 32,30Од стравот на еден илјада ќе бегате, од стравот на петмина ќе бегате, така што вашиот остаток ќе биде како колец на врв од планина и како знаме на рид.“
Господ ќе се смилува
18 # 54,8; Ер 17,7; Пс 2,12; 84,12; Изреки 16,20 И затоа Господ чека да ве помилува и желно гледа за да се смили над вас; зашто Господ е Бог на правдата – бла­жени се сите што се надеваат на Него! 19#12,1; 25,8; 65,19.24; Ер 33,3; Пс 91,15Народе што живееш во Сион, во Ерусалим; ти нема уште долго да плачеш; Бог ќе те помилува, по гласот на твојот плач, и штом ќе го чуе, ќе ти одговори. 20#Ер 31,34; Ез 4,10.11.16; 40,4; Јоил 2,23И ќе ви даде Господ леб, кога сте во мака и вода по потреба; твојот Учител нема повеќе да се крие, очите твои ќе Го гледаат твојот Учител; 21#35,8; 5 Мојс 32–33ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат сло­вото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него! 22#2,20; 27,9; 31,7Тогаш ќе ги сметаш за одвратност излиените од твое сребро идоли и опковани од твое злато кипови; ти ќе ги фрлиш како нечистотија; ќе им речеш – иставете се оттука. 23#3 Мојс 26,3-5; 5 Мојс 28,12; Пс 144,13И Тој ќе даде дожд врз твоето семе, со кое ќе ги засееш нивите, и лебот, што го раѓа земјата, ќе биде изобилен и вкусен; стадата твои во тој ден ќе пасат по широки пасишта. 24Воловите и магарињата, што ги обработуваат нивните, ќе јадат посолена крма, исчистена со лопата и веалка. 25#2,14; Јоил 4,18По секоја висока гора и по секој издигнат рид ќе потечат бразди, потоци вода, во денот на големиот пораз, кога ќе паднат кулите. 26#1,6; 9,1; Ер 30,17; 33,6; Ос 6,1И светлината на месечината ќе биде како светлина на сонцето, а светлината на сонцето ќе биде седумпати посветла, колку светлина на седум дена, во тој ден, кога Господ ќе ја преврзе раната на Својот народ и ќе ги излекува неговите рани.
Асирија ќе биде казнета
27 # 10,15-19; 29,6; Пс 18,8 Ете, името на Господ иде оддалеку; гневот Негов гори, пламенот Негов е силен; устата Негова е полна со негодување, а јазикот Негов е како оган, што голта; 28#8,8; 11,4; 37,29; Наум 1,8дишењето Негово е како надојдена река, која се крева дури до вратот, за да ги просее народите до истоштување; и во челустите на народите да им стави узда која ќе ги заведува. 29#35,10А кај вас ќе има песни, како во празнични ноќи, и веселба во срцето, како кај оној што оди со свирка на гората Господова, кон карпата Израелова. 30#10,17; 28,2; 29,6; Ис.Н. 10,11; Пс 18,13; Јов; 38,22-23И ќе загрми Господ со Својот величествен глас и ќе им го покаже за­мавот на Својата рака со силен гнев и со пламен огнен, кој сѐ проголтува, во бура, во силен дожд и во град. 31#10,5.24-26; 31,9Зашто од гласот на Господ ќе стрепне Ашур, удрен со палка. 32#14,24-27И секој со казнената палка со која Господ ќе го удри, ќе биде со тимпани и харфи, и Тој ќе оди во опустошувачка војна против него. 33#1 Мојс 19,24; Ер 7,31; Ез 38,22Зашто Тофет#30,33 Разгорен оган веќе одамна е подготвен; тој е подготвен и за царот – длабок и широк; во кладата негова има многу оган и дрва; здивот на Господ, како поток од сулфур, ќе го запали.

Селектирано:

Исаија 30: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се