Исаија 32
32
Правдата ќе царува
1 #
9,6; 11,4; Ер 23,5-6; Пс 72,2 Ете, царот ќе царува по правда, а кнезовите ќе управуваат по закон; 2#4,6; 25,4; 33,21секој од нив ќе биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во пустина. 3#6,10; 30,10; 35,5; Мт 11,15И очите на оние што гледаат нема да им бидат затворани; ушите на оние што слушаат, ќе внимаваат. 4#28,10-11; 35,6И срцето на лесномислените ќе умее да расудува; оние што говорат на нос, ќе говорат јасно. 5#5,20Безумникот нема повеќе да го нарекуваат благороден, а за подмолниот нема да велат дека е честит. 6#Пс 14,1; Изреки 15,2; Проп 10,13Зашто безумникот говори глупости и срцето негово мисли на беззаконие, за да дејствува лицемерно и да искажува хула против Господ, да ја лишува од леб душата на гладниот и да го одзема пиењето од жедниот. 7#Мих 2,1; Пс 10,2.7-11Кај подмолниот и средствата се погибелни: тој прави стапици, за да го погуби сиромавиот со лажливи зборови, макар што сиромавиот и да е прав. 8#29,20-21А чесниот мисли на чесното и цврсто стои во сѐ што е чесно.
Казна за ерусалимските жени
9 #
3,16-24; 28,23; Ер 9,19; Амос 4,1-3; 6,1 Жени безгрижни, застанете, чујте го гласот Мој; ќерки немирни, приклонете го увото кон зборовите Мои. 10#Јоил 1,5Уште една година и неколку дена, и ќе се ужаснете вие, безгрижни! Гроздобер нема да има и време за жетва нема да настане. 11#20,2; Мих 1,8; Јов 38,3; Лк 12,35Стреснете се вие, безгрижни! Ужаснете се вие, невнимателни! Соблечете се, оголете се и крстот препашете го со таговна облека. 12#16,9; 24,7; Лк 23,48Тагувајте по прекрасните полиња, за родната лоза. 13#5,6; 7,23-25Во земјата на народот Мој ќе растат трње и боцки; така ќе биде и во сите домови во градот што ликува; 14#6,11; 7,25; 24,10-12зашто дворците ќе запустат, шумниот град ќе биде напуштен; Офел и кулата ќе станат пештери – прибежиште на диви магариња и на стада што пасат.
Излевање на Божјиот Дух
15 #
11,2; 35,1-2; Ез 37,9-10; 39,29; Јоил 3,1-2 Додека не се излие врз нас Духот одозгора, и пустината не стане градина, и градината не почнат да ја сметаат за шума, 16тогаш ќе се воведе правда во таа пустина, и праведност ќе заживее во плодоносното поле. 17#9,6; 11,6; Пс 72,2-3.7; Јк 3,18Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на праведноста – трајно спокојство и сигурност. 18#28,12; 33,20; 54,13; Ер 23,6Тогаш народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените. 19#10,33-34; 26,5; 30,30И град ќе паѓа врз гората; градот ќе слезе во долината#32,19 или А шумата ќе исчезне, и градот ќе биде срамнет.. 20#30,18; Пс 1,1Блажени сте вие: ќе сеете при сите води и ќе испраќате таму и вол и магаре.
Селектирано:
Исаија 32: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006