Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 19

19
Пророкување за пропаста на Египет
1 # 13,7; 5 Мојс 33,26; Пс 68,4; 104,3 Пророштво за Египет. Ете, Господ ќе седне на лесен облак и ќе дојде во Египет. И пред лицето Негово ќе затреперат идолите египетски, а срцето на Египет ќе се стопи во Него. 2#3,5; Мт 24,7; Мк 13,8; Лк 21,10Ќе вооружам Египќани против Египќани, – и ќе се бијат брат против брат и пријател против пријател, град со град, царство со царство. 3#8,19; 3 Мојс 19,31; Пс 55,9; Ер 46,26; Ез 30,10.11Духот на Египет ќе изнемошти во него, ќе ги разруши намерите негови, – и ќе прибегнат тие кон идоли и маѓес­ници, кон оние што повикуваат мртовци и кон бајачи. 4Ќе ги предадам Египќаните во ра­цете на жесток владетел, свиреп цар ќе владее над нив, – вели Господ Бог Саваот.
Маки за крајбрежјето на Нил
5 # 42,15; 50,2; Ер 51,36; Ез 30,12; Јов 14,11 И водите во морето ќе исчезнат, реката ќе секне и ќе пресуши; 6реките ќе намалат, каналите еги­петски ќе станат малуводни и ќе се исушат; рогозината и трската ќе овенат. 7#2 Мојс 10,19; Јов 8,11Нивите крај реката, по бреговите на реката, и сѐ што е посеано крај реката – ќе се исуши, ќе биде развеано и ќе ис­чезне. 8#Ос 4,3И ќе заплачат рибари, ќе викаат сите што фрлаат јадици во реката, што поставуваат мрежа во водата, сите ќе бидат очајни; 9ќе се вознемират оние, што обра­ботуваат лен и што ткаат бели платна; 10мрежите ќе бидат скинати, и сите што држат рибници за жива риба – ќе паднат со духот.
Беспомошни египетски водачи
11 # 30,4; 1 Мојс 41,8; 1 Цар 5,10; Ер 49,7 Да! Се избезумија кнезовите цоан­ски; советот на мудрите фараонови советници стана безумен. Како ќе му кажете на фараонот: „Јас сум син на мудреците, син на древните цареви?“ 12#Ер 2,28Каде се тие? Каде се твоите мудре­ци? Нека ти кажат тие сега; нека до­знаат што определил Господ Сава­от за Египет? 13#Ер 2,16Се избезумија кнезовите цоански; се измамија кнезовите на Мемфис, го заведоа Египет водачите на неговите пле­миња. 14#24,20; 28,7; 29,10; 1 Сам 16,14; 1 Цар 22,19-23; Ер 48,26Господ спроведе во нив зашеметен дух, – го доведоа Египет во заблуда во сите негови дела, како пијан кога повраќа. 15#9,13И нема да има во Египет такво де­ло, кое би можеле да го извршат главата и опашката, палмата и трската. 16#Ер 50,37Во оној ден Египќаните ќе бидат како жени; ќе затреперат и ќе се упла­шат од движењето на раката на Господ Саваот, што Тој ќе ја крене против нив. 17Земјата Јудина ќе стане ужас за Египет, кој се сеќава на неа, тој ќе затрепери од решението на Господ Саваот, што го определил Тој за него.
Господ ќе ги благослови Египет, Асирија и Израел
18 # 65,16; Ер 12,16 Во оној ден пет града во египетската земја ќе говорат на ханански јазик, и ќе се колнат во Господ Саваот; едниот ќе се нарече град на сонцето. 19Во оној ден ќе има жртвеник на Господ среде египетската земја и спо­меник на Господ – во нејзините предели. 20#8,18; 2 Мојс 2,23Тој ќе биде знак и сведоштво за Господ Саваот во египетската земја, зашто тие ќе викаат кон Господ од угнетувачите, и Тој ќе им донесе спасител и застапник, и ќе ги спаси. 21#2 Мојс 6,3; Ез 6,14; 13,14.21; 35,11И Господ сам ќе се јави во Египет; во тој ден Египќаните ќе Го познаат Господа и ќе принесат жртви и дарови, ќе Му дадат ветувања на Господ и ќе ги исполнат. 22#Ос 6,1И ќе го порази Господ Египет – ќе го порази и ќе го исцели: тие ќе се обратат кон Господ – и Тој ќе ги чуе и ќе ги исцели. 23Во тој ден ќе има широк пат од Египет до Асирија; и Ашур ќе доаѓа во Египет и Египќани во Асирија; и Егип­ќани заедно со Асирците ќе Му служат на Господ. 24#1 Мојс 12,2; Зах 8,13Во оној ден Израел ќе биде трет со Египет и со Асирија; благослов ќе има на земјата, 25#5 Мојс 32,9; Пс 28,9која Господ Саваот ќе ја благосло­ви, велејќи: „Благословен да е Мојот народ – Египќаните, делото на рацете Мои – Асирците, и наследството Мое – Израел.“

Селектирано:

Исаија 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се