Исаија 20
20
За победата на Асирија над Египет и Етиопија
1 #
2 Цар 18,17
Во годината, кога врховниот војсководец дојде во Ашдод, бидејќи беше пратен од асирскиот цар Саргон и војуваше против Ашдод и го презеде, – 2#Ер 2,25; Мих 1,8во исто тоа време Господ Му кажа на Исаија, синот на Амоц, вака: „Оди и симни го вреќиштето од бедрата свои и собуј ги обувките од нозете свои.“ Така и направи: одеше гол и бос. 3#8,18; 1 Сам 19,24Тогаш рече Господ: „Како што слугата Мој Исаија оди гол и бос три години, како знак и означување за Египет и Етиопија, – 4#2 Сам 10,4така асирскиот цар ќе поведе заробеници од Етиопија, млади и стари, голи и боси и со разголени бедра, за срам на Египет. 5#30,3; Ер 2,36Тогаш ќе се вџашат и засрамат поради Етиопија, нивната надеж, и поради Египет, со кој се фалеа. 6#31,3И во тој ден жителите ќе речат за онаа земја: ‚Ете какви биле оние, на кои се надевавме и при кои прибегнавме за помош, за да се спасиме од асирскиот цар! А ние, како да се спасиме?‘“
Селектирано:
Исаија 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006