Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 18

18
Етиопија ќе биде казнета
1 # 11,11; Соф 3,10 Тешко ѝ на земјата, која мафта со крилја од онаа страна на ети­опските реки, 2#45,14; 57,9која испраќа гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој сѐ победува, чија земја реки ја пре­сечуваат. 3#5,26; Јоил 2,1Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ќе се крене знаме на планините, кога ќе затруби трубата! 4#57,15; Ос 5,15; Пс 33,14; 133,3; 2 Лет 6,30Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиш­те, како светла жега – по дожд, како облак роса – при жетвен припек. 5#Јн 15,2Зашто пред гроздобер, кога грозјето ќе процути, и гроздот ќе почне да узрева, Тој ќе ги исече со ноже прач­ките и ќе ги отстрани, и ќе ги искастри фидан­ките. 6#37,36; Ер 12,9Ќе остават сѐ на грабливите пла­нински птици и на полските ѕверови: и птици ќе летаат таму, а полските ѕверови таму ќе зимуваат. 7#26,2; 56,4-7; 5 Мојс 12,5; Соф 3,10; Пс 68,29; Дела 8,27Во она време ќе биде принесен дар на Господ Саваот од народ јак и бо­дар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг на­род, чија земја реки ја пресечуваат, – кај местото, каде што е името на Господ Саваот врз гората Сион.

Селектирано:

Исаија 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се