Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 17

17
Дамаск ќе биде казнет
1 # 25,2; Ер 49,23-27; Амос 1,3-5 Пророштво за Дамаск. Ете, Да­маск се исклучува од бројот на градовите и ќе биде куп од урнатини. 2#3 Мојс 26,6; Ер 7,33; Соф 3,13Градовите Ароерски ќе бидат на­пуштени, – ќе останат за стадата, што ќе си почиваат таму и нема да има кој да ги плаши. 3#4,3; 7,8Нема да има повеќе Ефремова тврдина, ни дамаско царство и остатокот од Арам; со нив ќе стане исто, што стана со славата на синовите Израелови, вели Господ Саваот.
Грев и страдање
4 # 10,16; 1 Сам 4,21 Во оној ден ќе се намали славата на Јаков, и полното тело негово ќе ослабне. 5#Ис.Н. 15,8; 18,16Ќе биде како по собраното жито од жетварот, кога раката негова ќе ги ожнее класовите и кога ќе ги соберат класовите во Рефаимската Долина. 6#24,13И ќе останат во него, како што станува при тресење маслинки, две – три зрна да останат на самиот врв или четири – пет на плодните гранки, вели Господ, Бог Израелов. 7#51,13; Мих 7,7Во оној ден ќе го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ќе бидат управени кон Светецот Израелов; 8#2 Мојс 34,13; Мих 5,12и нема да сврти очи кон жртве­ниците, дело на рацете свои; нема да го погледне она што го направиле прстите негови, идолите на Ашера и идолите на сонцето. 9Во оној ден утврдените негови градови ќе бидат како урнатини во гори и по планински врвови, оставени пред синовите Израелови и сѐ ќе биде пусто. 10#44,8; 5 Мојс 32,4; Ер 2,32; 3,21; Ез 22,12; Ос 8,14; Мих 7,13; Пс 18,2Зашто ти Го заборави Бога на твоето спасение, не се сеќаваше на Карпата на твоето засолниште; затоа ти си уредил градини за веселби и си насадил прачки во туѓи лозја. 11#Ер 15,18; Мих 1,9Во денот, кога садеше, ти се гри­жеше насаденото да расте, и посеаното од тебе да цути; но во денот кога ќе собираш, ќе нема куп жетва, туку голема жалост.
Бог го брани Својот народ
12 # 28,2; Ер 6,23; 50,42 О, шум од многу народи! Шумат тие како што шуми морето. Викање на племиња! Викаат тие како што бучат бујните води. 13#8,7; Пс 1,4; 83,14Викаат народите како што бучат бујните води; но Тој ги заплаши, – и тие избегаа далеку; беа разгонети како плева по планините од ветар и како прав од виор. 14#33,1-2; Ез 39,10; Пс 30,5Вечерта – еве ужас, но пред утрото веќе ги нема. Таков е делот на нашите грабачи, ждрепката за наши­те раз­ру­ши­тели.

Селектирано:

Исаија 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се