Повторени закони 20
20
Закони во врска со војната
1 #
1,28-29
Кога ќе излезеш во војна против непријателите твои и ќе видиш коњи и бојни коли, и многу луѓе, повеќе од тебе, не плаши се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја, е со тебе. 2Кога, пак, претстои борба, свештеникот нека се приближи и нека му зборува на народот, 3#Евр 12,3-4и да му каже: „Слушај, Израеле, вие денес влегувате во бој против вашите непријатели: да не ослабува срцето ваше, не плашете се, не збунувајте се и нека не ве фати паника од нив, 4бидејќи Господ, вашиот Бог, оди со вас, за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.“ 5#1,15Надзорниците, пак, нека му речат на народот, и нека му кажат: „Кој изградил нова куќа и не се вселил во неа, нека си оди и да се врати во домот свој, за да не умре во бојот, па друг да се всели во неа; 6#28,30и кој насадил лозје и не го берел, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, па друг да собере сѐ; 7и кој се свршил и не се оженил, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, па друг да ја земе свршеницата негова.“ 8#1,28Надзорниците нека му кажат уште на народот и нека му речат: „Кој е плашлив и малодушен, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не ги направи плашливи срцата на браќата свои, како неговото срце.“ 9Откако надзорниците ќе му го кажат тоа на народот, да изберат воени началници за да го водат народот. 10Кога ќе се приближиш до некој град, за да го преземеш, предложи му мир. 11#Ис.Н. 16,10; Суд 1,28-35; 1 Цар 9,21Ако се согласи на мир со тебе и ти ги отвори портите, целиот народ што се наоѓа во него, ќе ти плаќа данок и ќе ти работи. 12Ако, пак, не се согласи на мир со тебе, и почне да војува против тебе, опколи го; 13и, кога Господ, твојот Бог, ќе го предаде во рацете твои, погуби со сечилото на мечот сѐ што е машко кај него; 14#2,35само жените и децата, добитокот и сѐ што има во градот, запленете го за себе и користи се со пленот на непријателите свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги предал. 15Така постапи со сите градови, што се многу далеку од тебе, а кои не се градови на тие народи. 16#2,34Но во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш земјата нивна, не оставај ни една жива душа, 17#7,11туку предај ги на проклетство: Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, како што ти беше заповедал Господ, твојот Бог, 18#18,9за да не ве научат да правите такви гнасотии, какви што тие правеле за своите богови, за да не грешите и вие пред Господ, вашиот Бог. 19Кога опсадуваш долго време некој град, за да го преземеш и завладееш, не сечи ги дрвјата негови, што се во шумата, туку користи ги плодовите нивни за храна, и не опустошувај ја околината, бидејќи дрвото во полето не е човек, за да избега од тебе во тврдината; 20само оние дрвја, за кои знаеш дека не даваат никакви плодови, можеш да ги сечеш и од нив да правиш опсадни направи за градот, кој војува со тебе, сѐ додека не го покориш.
Селектирано:
Повторени закони 20: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006