Повторени закони 19
19
Градови засолништа
1 #
4,41-43
#
12,29
Кога Господ, твојот Бог, ќе ги уништи народите, чија земја ти ја дава Господ, твојот Бог, и ја наследиш по нив, и се населиш во градовите нивни, и со куќите нивни, 2тогаш оддели три града во земјата своја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство; 3изгради си пат и раздели ја на три дела сета земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство; тие да служат за засолниште на секој убиец. 4А еве кој убиец може да се засолни таму и да остане жив: оној што ќе убие ближен свој без умисла, и да не му бил непријател порано; 5оној што ќе отиде со другарот свој во шума да собира дрва, па ја замавне секирата со рака, за да пресече дрво, и испадне сечилото од дршката, го погоди другарот негов, и тој умре, – таков нека се засолни во еден од тие градови, за да остане жив, 6#4 Мојс 35,19за да не го подгони одмаздникот за крв со разјарено срце убиецот и да го стигне, па, ако патот биде долг, и го убие, иако тој не смее да се осуди на смрт, бидејќи не му бил непријател порано; 7затоа и ти заповедав, велејќи ти: оддели си три града. 8Кога пак Господ, твојот Бог, ќе ги прошири твоите предели, како што се беше заколнал на предците твои, и ти ја даде сета земја, што им ја беше ветил на предците твои, 9#6,5ако се трудиш да ги исполнуваш сите овие заповеди, што денес ти ги заповедам: да Го сакаш Господа, твојот Бог, и да одиш по Неговите патишта во сите денови, – тогаш кон тие три града додај уште три града, 10за да не се пролева невина крв во земјата твоја, што ти ја дава Господ, твојот Бог во наследство и за да не бидеш обвинет поради крв. 11Но ако има некој човек кој е непријател на ближниот свој и го начека, па се нафрли на него и го истепа така, што тој умре, и избега во еден од оние градови, 12старешините на тој град да испратат, да го земат оттаму и да го предадат во рацете на одмаздникот за крв и да умре. 13#19,21Да не го поштеди окото твое: очисти ја крвта на невиниот од Израел, и ќе ти биде добро.
Границите на земјиштето
14 #
27,17
Не ја преместувај меѓата на ближниот свој, поставена од прадедовците твои во твоето наследство, што си го добил во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во владение.
За сведоците
15 #
17,2-7; Мт 18,16; Јн 8,16-18; 2 Кор 13,1; 1 Тим 5,19; Евр 10,28 Не е доволен еден сведок против човек за каква и да било вина, престап или некој грев, со кој згрешил: при сведочењето на двајца или тројца сведоци се донесува решение. 16Ако против некого излезе неправеден сведок, обвинувајќи го за престап, 17#17,9и обајцата, кои се судат, нека застанат пред Господ, пред свештениците и пред судиите, што ќе се најдат во тие денови; 18и судиите нека ги испитаат добро, па ако оној сведок е лажлив сведок и лажно сведочи против братот свој, 19направете му го она што го беше намислил да му го направи на братот свој: така исчистете го злото од вашата средина. 20#13,6.12И другите ќе чујат, па ќе се уплашат, и нема во иднина да прават такво зло кај вас. 21#7,16; 2 Мојс 21,23-25; Мт 5,38Да не го поштеди окото твое: душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога.
Селектирано:
Повторени закони 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006