Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 21

21
Убиство чиј извршител е непознат
1Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил, 2нека излезат твоите старешини и судиите и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу; 3и старешините на градот, што е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, со која не е работено која не носела јарем, 4и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во пуст, не­обработен и незасејуван дол, и таму – во долот, нека ја заколат јуницата; 5потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејќи Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета повреда, 6и сите старешини од тој град, нај­блискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на закланата јуница во долот, 7#Мт 27,24па да објават и да кажат: „Нашите раце не ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа; 8очисти го од грев, Господи, народот Свој израелски, кој си го ослободил и не допуштај да остане врз него невина крв.“ И тие ќе се очистат од крвта. 9#13,6Така треба да ја отстрануваш од себеси крвта на невиниот, ако сакаш да правиш добро пред Господ.
Женидба со заробена жена
10Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ти ги предаде во рацете твои, и ти ги заробиш, 11па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе посакаш да си ја земаш за жена, 12одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои, 13нека ја соблече ропската облека, не­ка живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да ѝ станеш маж, и таа да ти биде жена. 14Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту да ја имаш за робинка, зашто ти си ја обесчестил.
Правата на првородениот син
15Ако некој има две жени – едната сакана, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена, 16#1 Мојс 27,36; 29,30-31; 1 Лет 5,1-2тогаш, при поделбата на имотот меѓу синовите, тој не може да даде првенство на синот од саканата жена, место на првородениот од несаканата, 17туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот имот, бидејќи тој е почеток на неговата сила; нему му припаѓа правото на првород­ство.
За непослушниот син
18 # Ис 1,2; Изреки 1,8 Ако некој има буен и непокорен син, кој не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен; 19тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот, при вратите на своето место­живеење, 20#Изреки 23,20-22па нека им кажат на градските старешини: „Овој наш син е буен и не­по­корен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница.“ 21#Изреки 30,17Тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така ис­чистете го злото од самите себе, и дру­гите ќе чујат и ќе се уплашат.
Телото на обесениот
22 # Јн 19,31; Гал 3,13 Ако некој направи грев, што за­служува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво, 23#Ис.Н. 8,29; 10,26; Ест 9,24-25телото негово да не преноќева на дрвото, туку погреби го истиот ден, зашто проклет е од Бога секој кој виси на дрво, и не осквернувај ја земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност