Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 22

22
Да се цени имотот на ближниот
1 # 2 Мојс 23,4; Мт 7,12 Ако видиш вол од ближниот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај него; 2ако, пак, ближниот твој, не е близу до тебе, или, пак, не го познаваш, при­бери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека тој не ги побара, и тогаш врати му ги; 3така постапувај со магарето негово, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на ближниот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш. 4#2 Мојс 23,5Ако го видиш магарето на ближ­ниот твој или волот негов, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
Разни прописи
5Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господ, твојот Бог. 6#25,4; 3 Мојс 22,28Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со пилци или јајца, и мајката седи над пилињата или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите: 7#4,40мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои. 8Ако градиш нова куќа, направи околу покривот нејзин ограда, за да не падне некој од него, та да навлечеш крв на својата куќа. 9Да не сееш во лозјето твое семиња од други видови растенија, за да не се осквернат плодот и семињата, со кои ќе го посееш и плодот на лозјето твое. 10Да не ораш со вол и магаре заедно. 11#3 Мојс 19,19Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и од лен заедно. 12#4 Мојс 15,37-41; Мт 23,5Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
Спорни случаи во врска со жена
13Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази, 14и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: „Ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја најдов девица“, 15тогаш таткото на девојката и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на девојката кај старешините пред портата; 16и таткото на девојката нека им каже на старешините: „Му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а тој ја намрази, 17и ете, обвинува за порочни дела, ве­лејќи: ‚не ја најдов ќерката твоја девица‘; но еве ги девствените белези на ќерката моја.“ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град. 18Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат, 19#22,29и да го глобат со сто шекели среб­ро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израелска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот. 20Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица, 21#13,6тогаш нека ја доведат девојката пред вратата на татковата ѝ куќа, и градските мажи нека ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израел, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе. 22#3 Мојс 20,10; Јн 8,5Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израел. 23Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа, 24#13,11тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: девојката поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе. 25Ако, пак, некој сретне во полето девојка свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа, 26а на девојката не правете ѝ ништо; кај девојката нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој го нападне ближниот свој и го убие; 27бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената девојка и да викала, немало кој да ја спаси. 28#1 Мојс 34; 2 Мојс 22,15-16; 2 Сам 13Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат, 29#22,19тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од девојката педесет шекели сребро, а таа да биде негова жена, бидејќи тој ја осрамотил; преку целиот свој живот тој не може да се разведе од неа.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност