Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 8

8
Видението на овенот и козелот
1 # 1,17; 5,1 Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниел, имав второ видение по оние што ми се беа јавиле порано. 2#Ест 2,8И видов во видението, и кога гледав, јас бев во Суза, престолнината на Еламската област, и видов во видението како да бев покрај реката Улај. 3#10,5; Ез 34,17; Откр 13,11Ги кренав очите и видов: а таму покрај реката стои еден овен: тој имаше два рога, обата високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот израсна подоцна. 4#11,3.16; Ис 41,3Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден ѕвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили. 5Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, со таква брзина што не го допираше тлото; и тој козел имаше силен рог меѓу очите свои. 6Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост. 7И видов кога тој се приближи до овенот, свирепо се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него. 8#5,20; 7,2; 2 Лет 26,16; Откр 7,1Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа че­тири, свртени спрема четирите страни на светот. 9#7,8; 11,16И од едниот од нив излезе мал рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема Ветената Земја, 10#12,3; Ис 14,13; Откр 12,4па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од ѕвездите и ги смачка; 11#11,16.41; 2 Мојс 29,38-42; 4 Мојс 28,3-6; Ез 20,6.15; Зах 7,14се издигна дури и до Водачот на таа војска, ги запре секојдневните жртви и го урна местото на Неговата светиња; 12и народот беше предаден заедно со секојдневните жртви поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше. 13#12,6; Лк 21,24; Откр 11,2И чув како еден ангел прашуваше друг, велејќи: „До кога ќе трае тоа од видението за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, што ги пази светилиштето и војската небесна?“ 14#12,11-12Другиот му рече: „Две илјади и три­ста вечери и утрини#8,14 „2300 вечерни и утрински жртви“ или 1150 денови.; и тогаш свети­лиштето ќе се очисти.“ 15#10,16-18И кога јас, Даниел, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек. 16#9,21; Лк 1,19-26И чув од средината на реката Улај човечки глас, кој извика и рече: „Гав­риле, објасни му го тоа видение!“ 17#11,35; Ез 1,28; 21,30; Амос 8,2; 1 Кор 15,24; Откр 1,17И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече – знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето. 18#1 Мојс 2,21; 15,12; Јона 1,5-6И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата во несвест; но тој се допре до мене и ме исправи на моето место, 19#Ис 10,25; Амос 5,18; Авак 2,3па ми рече: „Еве ти откривам што ќе биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време. 20Овенот што го виде – неговите два рога – тоа се мидискиот цар и персискиот. 21#10,20; 11,3А косестиот козел е царот на Јаван, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тоа е нејзиниот прв цар: 22Четирите рога што израснаа кога првиот се скрши, тоа се четирите цар­ства што ќе произлезат од тој народ, но нема да ја имаат неговата сила. 23А кон крајот на царството нивно, кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење; 24#7,18; 11,36неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши големи пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите; 25#2,34; 11,23.36заради лукавоста негова ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и без повод ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен – не со човечка рака. 26#10,1; Ис 8,16; 29,11; Откр 10,4А и видението за вечерта и утрината за кое ти се рече ќе се исполни, но ти сокри го тоа видение зашто се однесува на далечни времиња.“ 27#2,48; 4,16; 7,28; 10,8; Ис 21,3Јас, Даниел, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чу­дев на тоа видение и не го разбирав.

Селектирано:

Даниел 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се