Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 7

7
Даниел гледа во сон четири светски царства
1 # 1,17; 5,1 Во првата година на Валтазар, вавилонскиот цар, Даниел виде сон пророчки и виденија во главата своја врз своето легло. Тогаш тој го запиша тој сон, откако го забележа главното. 2#6,5; 8,8; Ез 39,9; Зах 2,10; Откр 7,1Велеше вака: Видов во ноќното свое видение, а таму, четири небесни ветра го брануваа Големото Море, 3#Откр; 13,1-18и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот. 4#2 Цар 24,1; Ер 4,7; Ез 17,3Првиот беше како лав, но со крилја орлови: додека гледав, му ги искубаа крилјата и потоа беше кренат од земјата, се исправи на нозете како човек и му се даде човечко срце. 5#2,39И ете, уште еден ѕвер, втор, сличен на мечка, стоеше од едната страна и имаше три ребра во устата негова, меѓу забите; нему му беше речено ова: стани и јади многу месо! 6#Откр 13,2Потоа видов, пак, уште еден ѕвер, како леопард: на грбот имаше четири крилја од птица, и четири глави имаше тој ѕвер, и му беше дадена власт. 7#2,40; 8,10; Откр 12,3; 13,1Потоа видов од ноќните виденија и ете, четврти ѕвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите претходни ѕверови, и имаше десет рогови. 8#Откр; 13,5-6Ги гледав тие рогови, и ете, меѓу нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа од корен истргнати пред него; на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што горделиво се фали. 9#Откр; 1,13-16; 5,11Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, со тркала како оган што пламти. 10#Ер 17,1; Откр 13,8; 20,12Река огнена излегуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија. 11#Откр 19,19-21Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, ѕверот беше убиен пред очите мои и телото негово смачкано и предадено на оган за да изгори. 12И од другите ѕверови власта беше одземена и животот нивни се продолжи само до извесно време и до рок. 13#Мт 24,30; Мк 14,62Видов во ноќните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред Него. 14#Откр 11,15И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши. 15#Јов 4,15Духот мој затрепери во мене, Даниел, во телото мое и виденијата ме вознемирија. 16#8,16; 9,22; Зах 1,9Се приближив до еден од оние што стоеја напред и го прашав за вистинското значење на сето тоа, и тој почна да зборува со мене и ми ја објасни смислата на реченото: 17Овие големи ѕверови, четири на број, означуваат дека четири царства ќе се издигнат од земјата. 18#8,24; Пс 34,9; Лк 12,32; Дела 9,13; Евр 12,28; Откр 2,26; 20,4Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него во векови. 19Тогаш замолив точно објаснување за четвртиот ѕвер што се разликуваше од сите и кој беше многу страшен, со железни заби и бронзени нокти изедуваше и трошеше, а остатоците ги газеше со нозете, 20#Откр; 13,5-6; 17,12и за десетте рогови што беа на неговата глава и за другиот што се појави, пред кој паднаа трите, за оној ист рог, на кој имаше очи и уста што зборуваа горделиво и како да стана поголем од другите. 21#Откр 13,7Видов како тој рог водеше борба со светиите и ги надвиваше, 22#Откр 20,4додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството. 23#2,40Освен тоа тој рече: Четвртиот ѕвер го означува четвртото царство што ќе постои на земјата, различно од сите царства и што ќе ја голтне целата земја, ќе ја гази и ќе ја измачува. 24#Откр 17,12А десетте рогови значат дека од тоа царство ќе се кренат десет цареви и потоа ќе се појави друг, поинаков од поранешните и ќе ги покори трите цара. 25#11,36; Ис 37,23; Откр 11,2И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за време од три и пол години. 26#Откр 19,20Потоа небесниот Суд ќе ја одземе од него власта и сосема ќе го уништи и докрајчи, 27#2,44; 2 Сам 7,13; Ис 14,2; Пс 145,13; Лк 1,33; 1 Кор 6,2; Откр 11,15; 20,4; 22,5а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите великодостојници ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему. 28#Ис 21,3; Јов 4,15Тука е крајот на овој извештај. Ме­не, Даниел, силно ме вознемирија раз­мислувањата мои, и лицето ми пребледе, но словото го запазив во срцето свое.

Селектирано:

Даниел 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се