Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 16

16
Гревовниот сојуз на Аса со Венадад
(1 Цар 15,17-22)
1 # Ер 41,9 Во триесет и шестата година од царувањето на Аса, израелскиот цар Баша се крена против Јудеја и почна да ја утврдува Рама, за да не му дозволи никому ниту да излегува од ју­дејскиот цар Аса, ниту да доаѓа кај него. 2Тогаш Аса изнесе сребро и злато од ризниците на домот Господов и на цар­скиот дом и ги испрати до арамејскиот цар Венадад, кој живееше во Дамаск, велејќи: 3„Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што беше меѓу татко ми и таткото твој; ти испраќам сребро и злато: оди и раскини го сојузот свој со израелскиот цар Баша, за да се повлече од мене.“ 4Венадад го послуша Аса и испрати свои војводи, што ги имаше кај себеси, против израелските градови, и тие го опустошија Ијон, Дан и Авел-Маим и сите житници во Нефталимовите гра­дови. 5Кога чу за тоа Баша, престана да ја утврдува Рама и ја прекина работата своја. 6А царот Аса ги собра сите Јудејци, и тие ги изнесоа од Рама камењата и др­вата, што ги употребуваше Баша за градење, и ги изгради со нив Гева и Мицпа.
Пророкот Ананиј
7 # 1 Цар 16,1 Во тоа време дојде јасновидецот Ананиј кај јудејскиот цар Аса и му рече: „Бидејќи ти се потпре на арамеј­скиот цар, а не се потпре на Господ, твојот Бог, затоа се спаси од рацете твои војската на арамејскиот цар. 8#14,8-12Етиопјаните и Либијците не беа ли со поголема сила и со многу повеќе коли и коњаници? Но бидејќи ти се потпре на Господ, и Тој ги предаде во раката твоја, 9#1 Цар 15,6; Ер 16,17; Зах 3,9; Пс 33,13-15; Јов 24,23зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.“ 10#1 Цар 22,27Тогаш Аса се налути на јасновидецот и го затвори во темница, бидејќи беше разјарен против него поради тоа. Во тоа време Аса угнетуваше и некои од народот.
Крај на владеењето на Аса
(1 Цар 15,23-24)
11Впрочем, делата на Аса, први и пос­ледни, се опишани во книгата на царевите јудејски и израелски. 12#Ер 17,5-6На триесет и деветтата година од царувањето свое Аса се разболе во но­зете, и болеста негова се прошири до горните делови на телото; но тој ни во болеста своја не Го побара Господа, туку лекари. 13И почина Аса кај своите предци и умре во четириесет и првата година од царувањето свое. 14#1 Мојс 50,5И го погребаа во гробницата, која сам си ја беше изградил во Дави­довиот град; го положија на одарот, преполн со благопријатни мириси и со разни веш­тачки масти; и ги из­гореа во голем оган во негова чест.

Селектирано:

2 Летописи 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се