2 Летописи 15
15
Аса спроведува реформи
1 #
4 Мојс 11,25-26
Тогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Одедов. 2#5 Мојс 31,17; Ис 45,19; Ер 29,13; Ос 3,5; Пс 78,34Тој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: „Послушајте ме, Аса и сите Јудејци и Венијаминовци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Тој ќе ве остави. 3#3 Мојс 10,11; Амос 8,11Долго време Израел беше без вистински Бог, без свештеник да поучува, и без закон; 4#5 Мојс 4,29-30; Суд 3,9.15; 6,7-8; 10,10-16; Ос 3,4-5но кога во притеснетоста своја се обрати кон Господ, Бог Израелов, Го побара и Го најде. 5#Суд 5,6; 19,20Во тие времиња немаше мир ни за оние што излегуваа, ни за оние што влегуваа; зашто имаше голема збрка меѓу сите жители земни; 6#Ис 19,2; Мт 24,7; Лк 21,10народ се биеше со народ, и град со град, затоа што ги потресе Бог со секакви неволји. 7#Ис.Н. 1,7.9; Ер 31,16; Пс 18,19Но вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ќе има награда за делата ваши.“ 8#1 Цар 8,64Кога ги чу Аса тие зборови и пророштвата на Азарија, син на пророкот Одед, тој се охрабри и ги отстрани незнабожечките гнасотии од целата земја јудејска и Венијаминова, и од градовите на Ефремовата Гора што ги беше презел, го обнови и жртвеникот Господов што беше пред Господовиот трем. 9Тогаш ги собра сите Јудејци и Венијаминовци и преселени од Ефрем, Манасија и Симеон, кои живееја со нив; зашто многу Израелци преминаа кон него, откако видоа дека Господ, неговиот Бог, е со него. 10И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година од царувањето на Аса. 11Во тој ден Му принесоа жртва на Господ од пленот што го донесоа: од крупниот добиток седумстотини и од ситниот – седумдесет илјади. 12#1 Лет 16,11Дадоа завет дека ќе Го бараат Господ, Бог на своите предци, од сѐ срце и од сета душа; 13#5 Мојс 13,9-16а секој, што нема да Го побара Господ, Бог Израелов, да умре – бил тој мал или голем, маж или жена. 14И се заколнаа во Господ громогласно со восклици и при звукот на трубите и роговите. 15#5 Мојс 4,29; 1 Лет 22,9И сите Јудејци се радуваа на таа заклетва, зашто се колнеа од сѐ срце и со сета волја. Го бараа Господа, и Го најдоа. Тогаш Господ им даде спокој од сите страни. 16#2 Мојс 34,13; 2 Сам 15,23; 1 Цар 2,19А мајка си Мааха царот ја лиши од почеста да биде царица мајка, затоа што ѝ направила гнасен идол на Ашера. Аса го сруши идолот нејзин, го исече на парчиња и го изгори во Кедронскиот дол. 17Иако идолските светилишта не беа отстранети во Израел, но срцето на Аса беше наполно предадено на Господ во сите дни негови. 18Тој го внесе посветеното од таткото свој во Божјиот дом; среброто, златото и садовите. 19И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.
Селектирано:
2 Летописи 15: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006