Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 17

17
Јосафатовото царување
1 # 1 Цар 22,41-45 # 1 Цар 2,12; 15,24 На негово место се зацари синот негов Јосафат, кој пока­жа сила против Израелците. 2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стра­жи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса. 3И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Ваа­ловците, 4туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израел­ците. 5#1 Сам 10,27И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафат; тој се здоби со големо богатство и слава. 6#2 Мојс 34,13; 1 Цар 8,61; 15,14Срцето негово се храбреше на Гос­подовите патишта; притоа тој ги от­страни оброчиштата и паганските све­тилишта во Јудеја. 7#3 Мојс 10,11; 5 Мојс 6,4-9; Мал 2,7А на третата година од царувањето ги испрати началниците свои Бенхаил, Авдија, Захарија, Натанаил и Михеј да го поучуваат народот по Јудините гра­дови, 8#Ос 4,6; Неем 8,7-8и со нив левитите: Шемаја, Нета­нија, Зевадија, Асаил, Шемирамот, Јо­натан, Адонија, Товијаху и Тов-Адони­ја, а со нив уште и свештениците Елишама и Јорам. 9#5 Мојс 28,61; Езд 7,25Тие ги подучуваа Јудејците, носеј­ќи ја со себе Книгата на Законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.
Величието на Јосафат
10 # 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25 И ги обзеде страв Господов сите зем­ни царства околу Јудеја, и не војуваа со Јосафат. 11А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци. 12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини. 13Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим – храбри борци. 14Еве го нивниот список според домовите на нивните предци: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, кој има­ше триста илјади храбри војници; 15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади; 16по него Амасија, Зихриев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници. 17#4 Мојс 1,36Од Венијамин: храбриот војник Елијада, кој имаше двесте илјади воору­жени со лак и штит; 18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници. 19Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.

Селектирано:

2 Летописи 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се