Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 12

12
Египетска инвазија против Јудеја
(1 Цар 14,25-28)
1 # 1 Цар 14,22-24; 1 Лет 9,1 Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го ос­тави законот Господов, а заедно со него и сиот Израел. 2#1 Цар 11,40; 14,22-24; 1 Лет 5,25На петтата година од Ровоамовото царување, бидејќи Му беа неверни на Господ, Шишак, египетскиот цар, се крена против Ерусалим, 3#1 Мојс 10,6; Ис 18,2; Дан 11,43со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници; со него од Египет дој­де безброен народ: Либијци, Су­кимци и Етиопјани. 4И ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим. 5#15,2; 24,20.24; 5 Мојс 28,15Тогаш пророкот Шемаја дојде кај Ровоам и кај јудејските началници, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Шишак, и им рече: „Вака вели Господ: ‚Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Шишак.‘“ 6#2 Мојс 9,27; 3 Мојс 26,41; Пс 11,7; Езд 9,15Израелските началници и царот понизно рекоа: „Праведен е Господ!“ 7#5 Мојс 9,19; Ер 7,20; 42,18; Ез 5,13; Пс 78,38Кога виде Господ дека тие се пони­зија, дојде словото Господово до Шемаја и беше речено: „Нема да ги погубам, туку наскоро ќе ги избавам; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката на Шишак; 8#5 Мојс 28,48сепак, тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства.“ 9Египетскиот цар Шишак дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на до­мот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде сѐ, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соло­мон. 10Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во ра­цете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом. 11Кога одеше царот во Господовиот дом, доаѓаа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги враќаа во живеалиштето на чу­варите. 12#1 Цар 14,13И бидејќи тој се понизи, гневот Гос­подов се одврати од него и не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.
Осврт на Ровоамовото владеење
13 # 2 Мојс 20,24; 5 Мојс 21,5 # 1 Цар 14,21-22 Се зацврсти царот Ровоам во Еру­салим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Еру­салим, во градот, кого Господ го избра меѓу сите племиња Израелови, за да го постави таму името Негово. Мајка му се викаше Ноема, а беше Амонка. 14Тој правеше зло, зашто не го беше насочил срцето свое за да Го бара Господа. 15#1 Цар 14,30-31А делата на Ровоам, од првите, до последните, се опишани во записите на пророкот Шемаја и јасновидецот Идо и во родословијата. Помеѓу Ровоам и Јеровоам постојано имаше војни. 16#1 Лет 3,10Ровоам почина кај своите предци и беше погребан во Давидовиот град. И на негово место се зацари неговиот син Авија.

Селектирано:

2 Летописи 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се