Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 13

13
Авија го победува Јеровоама
(1 Цар 15,1-8)
1Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам над Јуда стана цар Авија; 2тој царуваше три години во Еру­салим; мајка му се викаше Михаја, ќер­ка Уриилова, од Гива. И Авија водеше војна со Јеровоам. 3Авија поведе во војна војска од храб­ри луѓе, четиристотини илјади одбрани мажи, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини илјади мажи, исто така одбрани јунаци. 4И застана Авија на врвот од планината Цемараим, една од Ефремовите гори, и рече: „Чујте ме, Јеровоаме и си­те Израелци! 5#3 Мојс 2,13; 2 Сам 7,13; 1 Лет 17,12Не знаете ли дека Господ, Бог Изра­елов, му го даде на Давид цар­ството над Израел засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен.“ 6#1 Цар 11,26Но се крена Јеровоам, синот Нава­тов, слуга на Давидовиот син Соло­мон, и се побуни против господарот свој. 7#Суд 9,4; 1 Лет 29,1И се собраа околу него луѓе долни, развратници и станаа против Ровоам, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив. 8#2 Мојс 32,4; 2 Сам 4,3; 1 Цар 12,28-30А сега вие мислите дека можете да застанете против царството Госпо­дово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги напра­ви Јеровоам за богови. 9#2 Мојс 29,35-36; 1 Цар 12,31; Ер 2,11; Гал 4,8Нели вие ги изгонивте свеште­ниците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свеште­ници, какви што има кај народите во другите земји? Секој, што доаѓа за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови. 10А кај нас – Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; на Господ Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата служба. 11#2 Мојс 29,39; 1 Лет 9,32Тие Му жртвуваат на Господ сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги поставуваат лебо­вите на трпеза од чисто злато и ги па­лат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господ, нашиот Бог, а вие сте Го ос­тавиле. 12#4 Мојс 10,8-9; Суд 2,15; Дела 5,39И, ете, нам на чело ни е Бог и Него­вите свештеници и громогласните тру­би, за да грмат против вас. Синови Из­раелови, не војувајте против Господ, Бог на вашите предци, зашто нема да успеете! 13#Ис.Н. 8,9Во тоа време Јеровоам направи за­седа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата – зад нив. 14И кога се обѕрнаа Јудејците, – туку гледај борба и отспреди и одзади; и по­викаа кон Господ, а свештени­ците за­трубија со труби. 15#1 Лет 9,1И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порази Јеровоам и сите Израелци пред Авија и Јуда. 16И синовите Израелови почнаа да бегаат пред Јудејците; и Бог ги предаде во рацете нивни. 17Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израелците петстотини илјади одбрани јунаци. 18#Пс 22,4Така синовите израелски беа пони­зени, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господ, Бог на нив­ните предци. 19Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јешан со селата не­гови и Ефрон со потчинетите му села. 20И Јеровоам веќе не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре. 21Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет ќерки. 22Другите дела на Авија, делата не­гови и зборовите негови се опи­шани во записите на пророкот Идо.
Побожноста и верноста на царот Аса
23 # 1 Цар 15,8 И почина Авија кај своите предци и го погребаа во Давидовиот град. На не­гово место се зацари синот негов Аса. Во неговите дни земјата беше спокојна десет години.

Селектирано:

2 Летописи 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се