2 Летописи 11
11
Пророштвото на Шемаја
1Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израел и да му го вратат царството на Ровоам. 2И дојде слово Господово до Шемаја, човекот Божји, со кое беше речено: 3„Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар јудејски, и на сиот Израел во Јудиното и Венијаминовото племе: 4вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘“ Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоам.
Ровоам ги утврдува градовите
5Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови. 6Ги утврди Витлеем, Етам, Текоа, 7Бет-Цур, Сохо, Адулам, 8Гет, Мареша, Зиф, 9Адораим, Лакиш, Азека, 10#Ис.Н. 10,20Цора, Ајалон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе. 11Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и складишта со жито, масло и вино. 12И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.
Свештениците и левитите доаѓаат во Јудеја
13 #
4 Мојс 35,2
Свештениците и левитите, колку што ги имаше по целата земја израелска, се собраа кај него од сите краишта, 14#4 Мојс 35,2-5зашто левитите ги оставија селата свои и имотите свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејќи Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свештенството Господово 15#3 Мојс 17,7; 1 Цар 12,31; 13,33и си поставија пагански свештеници во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги направи. 16А по нив и од сите племиња израелски, кои го управија срцето свое да Го бараат Господ, Бог Израелов, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господ, Бог на нивните предци. 17Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давид и Соломон во тие три години.
Семејството на Ровоам
18Ровоам си ја зеде за жена Махалата, ќерката на Јеримот, син Давидов, и на Авихаил, ќерка на Елијав, син на Јесеј; 19И таа му ги роди синовите: Јеус, Шемарија и Захам. 20#1 Цар 15,2По неа тој ја зеде Мааха, ќерка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Атај, Зиза и Шеломит. 21#5 Мојс 17,17Ровоам ја сакаше Мааха, Авесаломовата ќерка, повеќе од сите свои жени и прилежници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет прилежници, и роди дваесет и осум синови и шеесет ќерки. 22#5 Мојс 21,15-17Ровоам го постави Авија, синот на Мааха, за началник и кнез над браќата свои, зашто сакаше да го направи цар. 23Па мудро работејќи, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамин, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.
Селектирано:
2 Летописи 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006