Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 17

17
Давид се носи со мислата да Му изгради храм на Господ
(2 Сам 7,1-17)
1Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натан „Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор.“ 2#2 Лет 6,7А Натан му одговори на Давид: „Прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“ 3Но во истата ноќ му дојде словото Божјо на Натан: 4„Оди и кажи му на слугата Мој Да­вид: вака вели Господ: Ти нема да ми изградиш дом, каде што ќе живеам, 5зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израе­лови, и до денес, а одев од шатор во ша­тор и од живеалиште во живеалиште. 6Каде и да одев со сиот Израел, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите израелски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: ‚зошто не ми изградите кедров дом?‘ 7#2 Сам 6,21И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Са­ваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израел; 8бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на великаните по земјата; 9подготвив место за Мојот народ Из­раел, го зацврстив, и тој ќе живее спокојно на своето место, и нема повеќе да го вознемируваат, нечести­вите нема повеќе да го притискаат, како порано, 10#Суд 2,16во она време кога Јас бев поста­вил судии над Мојот народ Израел, и Јас ги бев покорил сите твои непријатели, и те известив дека Господ ќе ти изгради дом. 11Кога ќе се исполнат твоите дни, и ти ќе се прибереш кај татковците свои, тогаш ќе го подигнам твоето семе по тебе, што ќе биде од синовите твои, и ќе го зацврстам царството негово. 12#2 Лет 7,18Тој ќе Ми изгради дом, и ќе го утврдам престолот негов засекогаш. 13#Лк 1,32; 2 Кор 6,18; Евр 1,5Јас ќе му бидам Татко, и тој ќе Ми биде син, и милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од оној што беше пред тебе. 14#1 Цар 2,12; Ер 33,17; Пс 132,11; 2 Лет 9,8Ќе го утврдам во Мојот дом и во Моето царство засекогаш, престолот негов ќе биде вечно цврст.“ 15Сите тие зборови и целото видение Натан точно му ги раскажа на Давид.
Давидовата благодарствена молитва
(2 Сам 7,18-29)
16Тогаш царот Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна? 17Но и тоа се покажа малку во Твои­те очи, Боже; Ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гле­даш на мене како на голем човек, Гос­поди Боже! 18Што уште може да каже пред Тебе Давид, за славата на Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга! 19#2 Цар 20,6; Ис 37,35Господи, за Твојот слуга, според ср­цето Свое, Ти ги правиш сите тие големи дела, објавувајќи го сето ова вели­чие. 20#Ис 44,6; 46,9Господи, по сѐ она што сме го чуле со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе! 21#2 Мојс 6,6И кој е сличен на Твојот народ Из­раел, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го откупи за свој народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела – преку прогонување на народите пред Твојот народ, кој го спаси од Египет, Ти. 22#2 Мојс 19,5-6Ти го направи Твојот народ Израел Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог. 23#1 Цар 8,25И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал. 24Нека се зацврсти и нека се возве­личи Твоето име засекогаш, за да велат: ‚Господ Саваот, Бог Израе­лов, е Бог на Израел‘ и домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице. 25Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе. 26И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро. 27Затоа, според Твојата благонакло­ност, благослови го домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето ли­це; зашто, ако Ти, Господи, го благо­словиш, ќе биде благословен засекогаш.“

Селектирано:

1 Летописи 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се