Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 18

18
Успешни војни на Давид
(2 Сам 8,1-18)
1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, па го пре­зеде Гет и неговите села од рацете на Филистејците. 2Тој ги порази и Моавците, и Моав­ците му станаа поданици на Да­вид и му даваа данок. 3#1 Мојс 2,14Давид го порази и цовајскиот цар Адраазар во Хамат, кога тој одеше да ја утврди власта своја до реката Еуфрат. 4#1 Мојс 49,6И зароби Давид од него илјада коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; и ги уништи Давид сите коли, оставајќи од нив само сто. 5Арамејците од Дамаск сакаа да му дојдат на помош на цовајскиот цар Адраазар, но Давид порази дваесет и две илјади Арамејци. 6Давид постави војска во Арам кај Дамаск, и Арамејците му станаа на Да­вид поданици и му плаќаа данок. Така му помагаше Господ на Давид секогаш, каде и да одеше. 7Давид ги заплени златните штитови, што ги носеа Адраазаро­вите слуги, и ги донесе во Ерусалим. 8#1 Цар 7,23; 2 Лет 4,2-5А од Тивхат и Кун, Адраазарови градови, Давид однесе мошне многу ба­кар. Од него Соломон ги направи ба­карното море и столбовите, и бакарните садови. 9Кога чу за тоа хаматскиот цар Тоу дека Давид ја поразил целата војска на цовајскиот цар Адраазар, 10го испрати синот свој Хадорам кај царот Давид, да го поздрави и да му честита, поради тоа што војувал со Адраазар и го поразил – зашто Тоу беше во војна со Адраазар, – и по него испрати секакви садови златни, среб­рени и бакарни. 11Царот Давид Му ги посвети на Господ, заедно со среброто и златото, што го беше одзел од сите народи: Едомците, Моавците, Амонците, Фи­листејците и Амаликијците. 12#1 Цар 11,15И Авеса, синот на Саруја во Со­лената Долина порази осумнаесет илјади Едомци; 13и постави во Едом војска, и сите Едомци му станаа поданици на Давид. Господ му помагаше на Давид секогаш, каде и да одеше. 14И царуваше Давид над сиот Израел и делеше суд и правда на сиот народ свој. 15Јоав, Саруевиот син, беше војвода над војската, а Јосафат, Ахилудовиот син – летописец, 16Садок, синот на Ахитув, и Ави­мелех, синот Авијатаров, беа свеште­ници, а Шавша – писар, 17Ванеја, синот на Јодај, беше над Керетијците и Пелетијците, додека си­новите Давидови беа први до царот.

Селектирано:

1 Летописи 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се