Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 19

19
Давид ги поразува Амонците и Арамејците
(2 Сам 10,1-19)
1 # 1 Мојс 19,38; 2 Лет; 20,1-2 Потоа умре Нахас, цар амон­ски, и место него стана цар си­нот негов. 2Тогаш Давид рече: „Ќе покажам милост кон Анон, Нахасовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.“ И Давид испрати пра­теници за да му изразат сочувство за татко му. Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците, кај Анон, за да го утешат. 3#4 Мојс 21,32Но амонските началници му рекоа на Анон: „Зар мислиш дека поради почит кон татко ти, Давид испрати кај тебе утешители? Зар слугите негови не дошле кај тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завл­адеат?“ 4Тогаш Анон ги фати слугите Дави­дови и ги избричи и им ја пот­сече обле­ката до половина, до крстот, и ги испра­ти. 5И тие си отидоа. Кога му сооп­штија на Давид за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им порачаат од царот: „Останете во Ерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!“ 6#1 Мојс 34,30Кога Амонците видоа дека му стана­ле омразни на Давид, тогаш Анон и Амонците испратија илјада кикари среб­ро, за да најмат коли и коњаници од Арам Нахараим и од Арамејците од Мааха и од Цова. 7#4 Мојс 21,30И најмија триесет и две илјади коли, а царот на Мааха со народот негов, дојде и се улогори спроти Медева. Се собраа и Амонците од градовите свои и излегоа на војна. 8Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоав со сета војска – јунаци. 9Амонците излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, – одделно во полето. 10Јоав, откако виде дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израел и ги нареди спроти Арамејците. 11#1 Сам 26,6А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонците. 12И тогаш рече: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ќе ми помог­неш ти; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам. 13Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ нека направи, како што Му е угодно.“ 14И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Арамејците, и тие избегаа од него. 15Амонците, пак, штом видоа дека Арамејците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав се врати во Еру­салим. 16Арамејците, откако видоа дека се победени од Израелците, испратија пра­теници и ги изведоа Арамејците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Шофах, воен началник Адраа­заров. 17Кога му соопштија за тоа на Давид, тој ги собра сите Израелци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Арамејците, и тие се судрија со него. 18И Арамејците избегаа од Израел­ците, и Давид им уништи седум илјади коли на Арамејците, и четириесет илјади пешаци, а воениот началник Шофах го уби. 19Кога видоа луѓето на Адраазар дека Израелците ги поразија, со Да­вид склучија мир и му се потчинија. И Ара­мејците не се осмелуваа повеќе да им помагаат на Амонците.

Селектирано:

1 Летописи 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се