Марко 5
5
Исус исцелува од нечист дух
(Мт 8,28-34; Лк 8,26-39)
1Преминаа отаде море, во Гадаринската земја. 2#1,23; Ис 65,4И кога Тој излезе од коработ, веднаш Го пресретна од гробовите еден човек со нечист дух. 3Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе; 4зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти; 5и секогаш, ноќе и дење, тој беше во гробовите и по ридиштата, викаше и се удираше со камења. 6Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони. 7#1,1.24; Мт 8,29; Лк 1,32Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“ 8Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“ 9#Мт 12,45; Лк 8,2.27И го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија#5,9 Легија е најголемата и основна единица на римската војска, во различно време со различна бројна состојба; во преносна смисла – голем број, мноштво. ми е името, зашто сме многу.“ 10И многу Го молеа да не ги брка од тој крај. 11А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи. 12И Го молеа сите демони и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“ 13И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна крдото по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето. 14А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало. 15#Лк 8,35И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот во кого имаше легија, како седи облечен и со здрав ум; и се уплашија. 16А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со бесомачниот и со свињите. 17#Дела 16,39И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта. 18#3,14А кога влезе во коработ, оној, што беше бесомачен, Го помоли да биде со Него. 19#1,34; 8,26; Пс 65,16; Лк 8,39Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“ 20#Мт 3,1; 4,25Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
Исцелувањето на болна жена и оживувањето на Јаировата ќерка
(Мт 9,18-26; Лк 8,40-56)
21 #
2,13
А кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето. 22И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови 23#Мт 9,18; Лк 4,40; Дела 9,12.17; 28,8и усрдно Го молеше многу, говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“ 24И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. 25#3 Мојс 15,25Една жена, што боледуваше од крвотечение дванаесет години, 26и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо, 27#6,56; Мт 14,36; Дела 5,15#3 Мојс 15,27штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до облеката Негова; 28зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеките Негови, ќе оздравам.“ 29#Дела 19,12И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. 30#Лк 5,17; 6,19А Исус одеднаш почувствува во Себе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“ 31Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ 32Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа, што го направи тоа. 33Жената, пак, се уплаши и трепереше; па, знаејќи што стана со неа, пријде, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. 34#10,52; 1 Цар 1,17; 2 Цар 15,9; Лк 7,50; Јк 2,16А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“ 35#Јн 11,21.32Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“ 36Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“ 37#9,2; 14,33; Мт 17,1И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јован, братот на Јаков. 38Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде врева, плачење и силно врискање. 39#Дела 20,10; 1 Кор 11,30; 15,6И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“ 40А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето. 41#9,27; Дела 9,40И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Девојко, тебе ти велам, стани!“ 42И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу. 43#1,34; 7,36; 9,9; Мт 8,4; Лк 9,21 А Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да јаде!“
Селектирано:
Марко 5: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006