Марко 6
6
Исус отфрлен во Назарет
(Мт 13,53-58; Лк 4,16-30)
1Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови. 2#1,22; Лк 6,6; Јн 7,15И кога дојде сабота, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде Нему ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце? 3#3,31; Мт 12,46; Јн 6,42Не е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Симон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ И се соблазнија заради Него. 4#Јн 4,44А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“ 5#2,5; Лк 4,40И не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку болни, полагајќи ги рацете врз нив.
Исус ги испраќа Своите дванаесет апостоли
(Мт 10,5-15; Лк 9,1-6)
6И се чудеше на нивното безверие. Па одеше по околните села и поучуваше. 7#3,14-15; Лк 10,1И ги повика дванаесетмината, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови. 8#Лк 10,4Па им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ниту торба, ниту леб, ниту пари во појасот. 9Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. 10#Лк 10,7И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму. 11#Мт 10,14.18А ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, излегувајќи оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и Гомор во судниот ден, отколку на тој град.“ 12#Мт 3,2Тие појдоа и проповедаа покајание. 13#Мт 14,14; Јк 5,14-15Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
Ирод и Исус
(Мт 14,1-2; Лк 9,7-9)
14 #
Мт 16,14
И цар Ирод слушна за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“ 15#Мал 3,23; Мт 21,11Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.“ 16А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
Смртта на Јован Крстител
(Мт 14,3-12; Лк 3,19-20)
17 #
Лк 3,19-20
Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, зашто се ожени со неа. 18#3 Мојс 18,16; 20,21Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“ 19А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше. 20Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу работи вршеше откако ќе го слушне, а со задоволство го слушаше. 21#1 Мојс 40,20И настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини Галилејски; 22и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирод. Тогаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“ 23#Ест 5,3.6; 7,2И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“ 24А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“ 25И таа веднаш влезе кај царот и побара, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на чинија главата на Јован Крстител!“ 26Царот се натажи, но заради ветувањето и гостите свои не сакаше да откаже. 27И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова. 28А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на чинија, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си. 29#Мт 27,59-60Кога неговите ученици слушнаа, дојдоа и го положија во гроб.
Исус нахранува пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Лк 9,10-17; Јн 6,1-14)
30 #
Лк 6,13; 10,17 И се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и поучувале. 31#2 Мојс 16; 5 Мојс 8,3.16; Пс 77,24-25.29; 105,40; Мудр 16,20-26; 1 Кор 10,3#2,2; 3,20А Тој им рече: „Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат. 32И отидоа со кораб сами во осамено место. 33И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите градови тргнаа таму; и ги испреварија и се собраа околу Него. 34#4 Мојс 27,17; 3 Цар 22,17; Ез 34,5.15.23; 37,24; Зах 10,2; Пс 22,1; 76,20; 2 Цар 18,16; Мт 9,36А Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу. 35#8,1-9И бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: „Пусто е местово, а и доцна е; 36распушти ги за да отидат по околните села и населби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“ 37Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да појдеме и да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“ 38Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“ 39Тогаш Исус им рече на сите да поседнат по групи по зелената трева. 40И поседнаа во групи по сто и по педесет. 41#Мт 14,19; Лк 9,16; 22,19; 24,30Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. 42#Ис 25,6-8; 55,1-2; Мт 8,11И јадеа сите и се наситија. 43#8,19И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви. 44А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
Исус чекори по вода
(Мт 14,22-33; Јн 6,15-21)
45И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти народот. 46#1,35; 3,13; Лк 6,12; 9,28; Јн 6,15А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли. 47Приквечер коработ беше сред морето, а Тој сам на копното. 48#2 Мојс 33,19.22; 34,6; Пс 76,19; Јов 9,8И ги виде како се мачат при пловењето, зашто ветрот им беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража#6,48 четвртата ноќна стража т.е. рано наутро, меѓу 4 и 6 часот. се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив. 49#Лк 24,37А тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат; 50#16,6; 2 Мојс 3,14; 5 Мојс 32,39; Ис 41,4; 43,10; Јн 8,24.28.58зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“ 51#4,39; Мт 14,32И влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие беа силно запрепастени во себе и зачудени. 52#3,5; 4,13; 8,17; Мт 16,9Зашто не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето. 53И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму. 54А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа. 55#Дела 5,15#1,32Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека Тој се наоѓа. 56#5,27-28; Лк 6,19; 8,44И каде да влегуваше: во села, во градови или населби – на крстопатите полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.
Селектирано:
Марко 6: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006