Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 4

4
Парабола за сејачот
(Мт 13,1-9; Лк 8,4-8)
1 # 2,13 И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во мо­рето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето. 2#Мт 13,3.34И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше: 3„Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее; 4и се случи, кога сееше, едно семе да падне покрај патот, па долетаа пти­ци­те небески и го исколваа. 5Друго падна на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу изникна, зашто земјата не беше дла­бо­ка; 6а кога изгреа сонцето, тоа свена, па бидејќи немаше корен, се исуши. 7Некое падна на трње; и израсна тр­њето, го задуши и не даде плод. 8А друго падна на добра земја и поч­на да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“ 9#4,23; 7,16; Мт 11,15; Лк 8,8; 14,35И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Зошто служат параболите?
(Мт 13,10-15; Лк 8,9-10)
10 # 10,10; 13,3; Мт 10,2; 13,36 А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетмината, Го прашаа за параболата. 11#Дан 2,19.22.27-30; Рим 16,24; Кол 4,5И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ е во параболи, 12#Ис 6,9-10; Јн 12,40; Дела 28,26-27за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; за да не би се обратиле некогаш, па да им се простат гревовите.“ 13И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги раз­бе­рете сите параболи?
Објаснување на параболата за сејачот
(Мт 13,18-23; Лк 8,11-15)
14Сејачот го сее словото. 15Посеаното покрај патот се оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа са­та­ната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни. 16Исто така и посеаното на каменито место се оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го при­ма­ат, 17#14,27но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соб­лазнуваат. 18#Ер 4,3Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото, 19#Мт 19,23но грижите за овој век, примамли­во­то богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат сло­вото и тоа останува бесплодно. 20А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го при­ма­ат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“
Светило и мерка
(Мт 5,15; 10,26; Лк 6,38; 8,16-18; 11,33)
21 # Мт 5,15; Лк 8,17; 11,33 И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник? 22#1 Кор 4,5Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело. 23#4,9; Мт 11,15Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ 24#Лк 6,38; 8,18И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате. 25#Мт 13,12Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“
Парабола за посеаното семе
26 # Мт 13,24 Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, 27#Јк 5,7па спие, и станува ноќе и дење; а ка­ко никнува и како расте семето, тој не знае. 28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот. 29#Јоил 3,13; Откр 14,15А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Лк 13,18-19)
30И говореше: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме? 31#Мт 13,31; 17,20Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња; 32#Мт 13,32а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите зеленчуци, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат пти­ците небески.“
Поучување со параболи
(Мт 13,34-35)
33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што мо­жеа да слушаат. 34И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објас­ну­ваше.
Исус стивнува бу­ра
(Мт 8,23-27; Лк 8,22-25)
35 # Мт 8,18 Тој ден вечерта им рече: „Да ми­не­ме на спротивната страна!“ 36И кога го отпуштија народот, уче­ниците Го зедоа, како што беше во коработ, а и други кораби беа со нив. 37И се подигна бурен ветер, и брано­вите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе се полнеше. 38#Лк 10,40Тој, пак, беше на кормилото и спи­еше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“ 39#1,25А Тој стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: „Замолкни, прес­та­н­и!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина. 40#9,19; Мт 8,10Па им рече: „Што сте толку плаш­ливи? Како немате вера?“ 41#1,27; Пс 88,9; 106,23-32; Лк 9,34И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“

Селектирано:

Марко 4: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се