Марко 3
3
Исус исцелува во сабота
(Мт 12,9-14; Лк 6,6-11)
1И влезе пак во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака. 2И пазеа на Него, дали ќе го исцели во саботен ден, за да Го обвинат. 3А Тој му рече на човекот со исушената рака: „Застани насреде!“ 4#Лк 14,3-4Ним, пак, им кажа: „Во сабота допуштено ли е да се прави добро или зло; да се спаси една душа или да се погуби?“ А тие молчеа. 5#5,32; 6,52; 11,11; 2 Мојс 7,13; Јн 12,40; Ефес 4,18Па, кога ги изгледа со гнев, натажен поради нивните скаменети срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој ја протегна и раката му стана здрава, како и другата. 6#Мт 22,15; 27,1Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со Иродовците на совет против Него, како да Го погубат.
Мноштво следбеници
(Мт 4,25; 12,15-16; Лк 6,17-19)
7 #
5,21; Мт 4,25; 12,15; Лк 6,17-18 Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу народ од Галилеја и од Јудеја, 8од Ерусалим и од Идумеја и отаде Јордан. И од Тир и Сидон, откако чуја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него. 9#4,1; Јн 6,22И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат; 10#5,28зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се допрат до Него. 11#1,1; Мт 8,29И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: „Ти си Син Божји!“ 12#1,34; Мт 12,16Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
Исус избира дванаесет апостоли
(Мт 10,1-4; Лк 6,12-16)
13 #
1,4.17; 5,18; Мт 10,5 Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него. 14#6,7; Мт 19,28Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; 15#9,38; 16,9.17; Мт 10,8и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони: 16#Мт 16,18; Јн 1,42; 1 Кор 1,12Симон, на кого му даде име Петар; 17#Мт 4,21; Лк 9,54па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи, синови на громот; 18#Мт 4,18; 9,9; Лк 6,14-15; Јн 1,40.43-46.48; 14,5.8-9; 21,2потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит 19#Мт 10,4; 26,25и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
Исус и Велзевул
(Мт 12,22-32; Лк 11,14-23; 12,10)
20 #
2,2; 6,31 И дојдоа в куќи; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат. 21#Јн 7,5; 10,20; 2 Кор 5,13И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси. 22#4 Цар 1,2; Мт 9,34; 10,25; 12,24; Јн 7,20; 8,48-52А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул#3,22 Велзевул или Беел-зебул т.е. ѓаволот. и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните. 23#1,13И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана? 24Ако едно царство се раздели самото против себе, тоа царство не може да се одржи; 25и, ако еден дом се раздели самиот против себе, тој дом не може да опстане; 26ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи, но му дошол крајот. 27#6,17; Ис 49,24-25; 53,12; Откр 20,2Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе покуќнината. 28#2,7; 1 Тим 1,13Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулат; 29#Лк 12,10; Евр 6,4-6; 1 Јн 5,16но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“ 30#3,22Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
Исусовото семејство
(Мт 12,46-50; Лк 8,19-21)
31 #
6,3; Јн 2,12; Дела 1,14 И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. 32#Мт 13,55-56А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“ 33А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“ 34Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. 35#Мт 6,10; Ефес 6,6; Евр 10,7.9.36; 1 Јн 2,17Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“
Селектирано:
Марко 3: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006