Псалми 20
20
ПСАЛМ 20
Благодарност за победите во минатото
1 #
62,11
За крајот: псалм на Давид.
2 #
19,4; 36,4 Господи, со силата Твоја ќе се развесели царот
и за спасението Твое многу ќе се зарадува.
3 #
2 Цар 12,30; Ест 1,11; Мудр 5,16 Тоа што го посака душата негова Ти му го даде
и од барањето на усните негови не го лиши.
4 #
60,6-7; 90,16; 3 Цар 1,31; 3,13; 4 Цар 20,1-7; Ис 38,1-20; Изреки 9,11; Дан 2,4; Неем 2,3 Зашто го пресретна со благослови на добрина,
му стави на главата венец од скапоцен камен.
5 #
44,3; 95,6 Живот побара од Тебе
и Ти му даде долги денови во вечни векови.
6 #
71,17; 1 Мојс 12,2-3 Голема е неговата слава во спасението Твое,
слава и величие ќе положиш врз него.
7Зашто ќе му дадеш благослов во вечни векови,
ќе го развеселиш со радоста на лицето Твое.
8Зашто царот се надева на Господа
и во милоста на Вишниот нема да се поколеба.
9 #
2 Цар 23,6-7; Ис 33,11-12; Ос 7,7; Мал 3,19 Нека ги пронајде раката Твоја сите непријатели Твои,
десницата Твоја нека ги најде сите што Те мразат.
10 #
108,13; Јов 18,19 Зашто ќе ги направиш како печка вжарена, кога ќе се покаже лицето Твое.
Во гневот Свој, Господ ќе ги потресе и оган ќе ги проголта.
11Родот нивен од земјата ќе го истребиш
и потомството нивно меѓу човечките синови,
12 #
17,40
зашто навалија со зло кон Тебе,
направија план кој не можат да го исполнат.
13 #
56,5-11
Зашто ќе ги натераш на бегство,
со она што Ти преостана ќе го подготвиш лицето нивно.
14Издигни се, Господи, со силата Своја,
ќе ја воспеваме и славиме моќта Твоја.
Nke Ahọpụtara Ugbu A:
Псалми 20: MAK2024PS
Mee ka ọ bụrụ isi
Kesaa
Mapịa
Ịchọrọ ka echekwaara gị ihe ndị gasị ị mere ka ha pụta ìhè ná ngwaọrụ gị niile? Debanye aha gị ma ọ bụ mee mbanye
Македонско библиско здружение 2024