Akara Njirimara YouVersion
Akara Eji Eme Ọchịchọ

Псалми 19

19
ПСАЛМ 19
Молитва за победа. Увереност во Божјата помош
1 # 2,6; 17,48; 43,5; 3 Цар 8,30; Изреки 18,11 За крајот: псалм на Давид.
2Нека те услиши Господ во денот злокобен,
нека те заштити името на Бога Јаковов.
3Да ти испрати помош од светињата
и од Сион нека те заштити.
4Нека си спомне за секоја жртва твоја
и сепаленицата твоја да биде угоена.
5Нека ти даде Господ според срцето твое
и секоја твоја намера да ја исполни.
6 # 2,2; 17,50; 1 Цар 10,1 Ќе се зарадуваме на твоето спасение
и во името на Господа, нашиот Бог, ќе се возвеличиме.
Ќе ги исполни Господ сите твои молби.
7 # 32,16-17; 146,10; Ис 40,30-31; Ос 1,7; 2 Лет 14,11 Сега познав дека Господ го спаси помазаникот Свој,
ќе го услиши од Своето свето небо;
моќно е спасението од десницата Негова.
8Едни со коли, други со коњи,
а ние ќе се возвеличиме со името на Господа, нашиот Бог.
9 # 117,25 Тие се препнаа и паднаа,
а ние станавме и се исправивме.
10Господи, спаси го царот
и услиши нѐ во денот кога Те призиваме!

Nke Ahọpụtara Ugbu A:

Псалми 19: MAK2024PS

Mee ka ọ bụrụ isi

Kesaa

Mapịa

None

Ịchọrọ ka echekwaara gị ihe ndị gasị ị mere ka ha pụta ìhè ná ngwaọrụ gị niile? Debanye aha gị ma ọ bụ mee mbanye