Akara Njirimara YouVersion
Akara Eji Eme Ọchịchọ

Псалми 18

18
ПСАЛМ 18
Божјата слава во Неговото создание
1За крајот: псалм на Давид.
2 # 49,6; 88,5; 96,6; 146,4-5; 147,4-9; 1 Мојс 1,1-8; 1,14-19; Јов 38,7; 38,30-32; Изреки 8,22-31; Рим 1,20 Небесата раскажуваат за славата Божја,
а делата на рацете Негови ги објавува сводот небесен.
3Ден на денот му кажува збор
и ноќ на ноќта ѝ објавува знаење.
4Нема говори ниту зборови
од кои не се слушаат гласовите нивни.
5 # Рим 10,18; Сир 43,1-5 По целата земја излезе гласот нивен,
и до краевите на вселената зборовите нивни.
На сонцето ја постави скинијата Своја,
6и како младоженец кој излегува од одајата своја,
ќе се зарадува како џин што ја претрчал патеката своја.
7Од крајот на небото е излегувањето негово
и досегањето негово до крајот на небото,
и ништо нема да се сокрие од топлината негова.
8Законот Господов е непорочен,
тој ги обраќа душите;
сведоштвото Господово е веродостојно,
тоа ги прави мудри децата.
9Повелбите Господови се исправни,
тие го радуваат срцето;
заповедта Господова е светла,
таа ги просветлува очите.
10 # 11,6; Јк 1,27 Стравот Господов е чист,
тој останува во вечни векови;
судовите Господови се вистинити,
исто така и праведни;
11 # 118,127; 118,103 и се посакувани повеќе од злато и од камен најскапоцен
и се послатки од мед и саќе.
12И затоа слугата Твој ги пази,
за нивното чување наградата е голема.
13Прегрешенијата, пак, кој ќе ги сфати?
Од оние скриените очисти ме.
14И од туѓите сочувај го слугата Твој;
ако не завладеат со мене,
тогаш ќе бидам непорочен и од голем грев ќе се очистам.
15И ќе бидат благоугодни зборовите на устата моја
и размислувањето на срцето мое засекогаш ќе биде пред Тебе,
Господи, Помошнику и Избавителу мој!

Nke Ahọpụtara Ugbu A:

Псалми 18: MAK2024PS

Mee ka ọ bụrụ isi

Kesaa

Mapịa

None

Ịchọrọ ka echekwaara gị ihe ndị gasị ị mere ka ha pụta ìhè ná ngwaọrụ gị niile? Debanye aha gị ma ọ bụ mee mbanye