Марко 9
9
1 #
13,30; Рим 1,4 И Исус им рече: „Вистина ви велам: има некои од овие што стојат овде, кои нема да вкусат смрт додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“
Исусовото преображение
(Мт 17,1-9; Лк 9,28-36)
2 #
1,29; 5,37; Лк 8,51 А по шест дена, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе само нив на една висока гора; и се преобрази пред нив. 3#16,5; Мт 28,3; Откр 3,4Алиштата Му станаа сјајни, многу бели, како снег, какви што ни валавичар на земјата не може да избели. 4#4 Цар 2,11-12; Мт 11,14И им се јави Илија со Мојсеј, и разговараа со Исус. 5#10,51; 11,21; 14,44-45Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ 6#14,40Зашто не знаеше што да каже, бидејќи беа многу уплашени. 7#1,11; 5 Мојс 18,15; 3 Мојс 16,2; Мт 17,5; Дела 3,22; 2 Птр 1,17И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас што велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го!“ 8И одеднаш, кога погледнаа наоколу, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исус. 9#1,34; Лк 9,36А кога слегуваа од гората, Тој им заповеда никому да не кажуваат што виделе, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите. 10И го задржаа тој збор во себе, прашувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“
За Илија
(Мт 17,10-13)
11 #
Мал 3,23
И Го прашаа, велејќи: „Зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“ 12#8,31; Ис 53,3; Мал 3,23-24; Пс 21,1-17А Тој им одговори и рече: „Навистина, најнапред ќе дојде Илија и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен. 13#3 Цар 19,2.10; Мт 11,14Но ви велам дека и Илија дојде, и му направија што сакаа – како што е напишано за него.“
Исцелувањето од нечист дух
(Мт 17,14-21; Лк 9,37-43)
14И кога дојде кај Своите ученици, виде многу народ околу нив и книжници како се препираа со нив. 15И сиот народ, веднаш штом Го виде, се зачуди; и притрчувајќи кон Него, Го поздравуваа. 16Тој ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“ 17Па одговарајќи, еден од народот рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух; 18и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, чкрипи со забите и се здрвува. И им кажав на Твоите ученици да го изгонат, но тие не можеа.“ 19#Мт 12,39А Исус одговори и рече: „О, неверно поколение, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“ 20И го доведоа кај Него, и штом Го виде, духот веднаш го стресе момчето, и тоа падна наземи и се прпелеше запенето. 21Исус го праша татко му: „Колку време тоа му се случува?“ Тој одговори: „Од детството; 22и многупати духот го фрлал во оган и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“ 23#5,36; 11,23-24; Лк 17,6А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што верува!“ 24#Лк 17,5И таткото на момчето веднаш извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!“ 25#1,25; Лк 4,39А Исус, гледајќи дека се собра народ, строго го прекори нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув, Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“ 26#1,26И духот вресна, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело. 27#1,31; 5,41Но Исус го фати за рака и го исправи; и тоа стана. 28И кога Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“ 29И им рече: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“
Исус по вторпат ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мт 17,22-23; Лк 9,43-45)
30И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; а Тој не сакаше некој да дознае. 31#8,31; Мт 20,18-19Зашто ги учеше Своите ученици и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат и на третиот ден по убивањето ќе воскресне. 32#4,13Но тие не ги разбираа овие зборови, а се плашеа да Го прашаат.
Кој е најголем?
(Мт 18,1-5; Лк 9,46-48)
33И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе по патот?“ 34#Лк 22,24Но тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе кој е најголем. 35#10,43-44; Мт 20,26Тој седна и ги повика дванаесеттемина, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и служител на сите!“ 36И зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: 37#Мт 10,40; Лк 10,16; Јн 13,20„Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Мене Ме прима, туку Оној што Ме пратил.“
Кој не е против нас, тој е со нас!
(Лк 9,49-50)
38 #
4 Мојс 11,28
Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име изгонува демони; и му забранивме, зашто не оди по нас.“ 39#1 Кор 12,3А Исус рече: „Не бранете му, зашто никој што прави чудо во Мое име, наскоро не ќе може да злослови за Мене. 40#Мт 12,30; Лк 11,23Зашто, кој не е против вас, тој е со вас. 41#Мт 10,42; 1 Кор 3,23И кој ќе ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.“
За соблазната
(Мт 18,6-9; Лк 17,1-2)
42 #
Мт 5,29
„А кој ќе соблазни едно од овие мали, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море. 43#Мт 5,30И ако те соблазнува твојата рака, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган, 44каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува. 45И, ако те соблазнува твојата нога, отсечи ја; подобро е за тебе куц да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган, 46каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува. 47#Мт 5,29И, ако твоето око те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во огнениот пекол, 48#Ис 66,24каде што нивниот црв не умира и огнот не изгаснува. 49#3 Мојс 2,13Зашто секој со оган ќе се посоли и секоја жртва со сол ќе се осоли. 50#Мт 5,13; Лк 14,34; Кол 4,6; Рим 12,18; 1 Сол 5,13Солта е добра; но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе ја зачините? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Марко 9: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023