Марко 8
8
Исус нахранува четири илјади луѓе
(Мт 15,32-39)
1 #
6,34-36
Во тие денови, кога се беше собрал многу народ и немаа што да јадат, Исус ги повика Своите ученици и им рече: 2„Жал ми е за народот, зашто веќе три дена се со Мене и немаат што да јадат. 3#Евр 12,3Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“ 4#8,16-17; Јн 6,26Учениците Му одговорија: „Од каде може некој сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?“ 5И Тој ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“ 6#Јн 6,10Тогаш му заповеда на народот да седне на земјата; па, откако ги зеде седумте леба, заблагодари, ги прекрши и им ги даде на Своите ученици да ги разделат; и тие ги разделија на народот. 7Имаа и малку рипчиња; па ги благослови и заповеда да ги раздадат и нив. 8#Мт 14,20И јадеа и се наситија; и собраа седум кошници со останати парчиња. 9А оние што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти. 10И веднаш влезе во коработ со Своите ученици и дојде во Далманутските предели.
Фарисеите бараат чудо
(Мт 12,38-39; 16,1-4; Лк 11,16-29; 12,54-56)
11 #
5 Мојс 18,20-22; Ис 7,10-14; Мт 12,38; 16,1; Лк 11,16; 1 Кор 1,22 И фарисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, бараа од Него знак од небото. 12#Лк 11,29; Евр 3,10А Тој воздивна длабоко и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Вистина ви велам: на ова поколение нема да му се даде знак.“ 13И кога ги остави, повторно влезе во коработ и премина на другата страна.
За штетниот квас
(Мт 16,5-12; Лк 12,1)
14А Неговите ученици беа заборавиле да ги земат лебовите, па освен еден леб немаа друго со себе во коработ. 15#Лк 12,1; 1 Кор 5,6-8А Тој ги опоменуваше, велејќи: „Внимавајте, чувајте се од квасот на фарисеите и од квасот на Ирод!“ 16И си размислуваа меѓу себе, велејќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“ 17#6,52А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа дека немате леб? Зар уште не сфаќате и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце? 18#4,12; Ер 5,21; Ез 12,2; Лк 8,10При очи ли, не гледате? При уши ли, не слушате? И не помните ли? 19#6,35-44Кога ги прекршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Дванаесет.“ 20#8,8-9„А седумте – за четири илјади, колку полни кошници со останати парчиња собравте?“ Тие одговорија: „Седум.“ 21#4,13И им рече: „Па како тогаш не разбирате?“
Излекувањето на слеп човек
22 #
5,30; 10,46-52 Потоа дојде во Витсаида; и Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре. 23#7,33; Јн 9,6.11.15; 1 Тим 4,14И земајќи го слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на неговите очи, ги положи рацете на него, па го праша дали гледа нешто. 24Тој погледна и рече: „Ги гледам луѓето налик на дрвја кои одат.“ 25Потоа повторно ги положи рацете на неговите очи и направи да прогледа. И тој се излекува и сите ги гледаше јасно. 26#1,34И го испрати во неговата куќа и му рече: „Немој ниту да влегуваш во селото, ниту некому во селото да раскажуваш!“
Петровото исповедање на верата
(Мт 16,13-20; Лк 9,18-21)
27И Исус излезе со Своите ученици по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша Своите ученици и им рече: „Што велат луѓето, Кој сум Јас?“ 28#6,14-15; Лк 9,7-8Тие одговорија: „Јован Крстител, други Илија, а трети, пак, еден од пророците.“ 29#1,1; 14,61Тој им рече: „А вие, што велите, Кој сум Јас?“ Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос!“ 30#Мт 8,4И ги прекори никому да не говорат за Него.
Исус ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мт 16,21-23; Лк 9,22)
31 #
10,32-34; Мт 17,12.22; Лк 17,25 Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и по три дена да воскресне. 32И говореше за тоа отворено. Но Петар Го повлече насамо и почна да Го одвраќа. 33#Мт 4,10; Рим 8,5А Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, па го прекори Петар, велејќи: „Бегај од Мене, сатано! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“
Патот на Исусовите следбеници
(Мт 16,24-28; Лк 9,23-27)
34 #
Лк 14,27
И кога ги повика народот и Своите ученици, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека врви по Мене. 35#Мт 10,39Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене и благовестието, тој ќе го спаси. 36Зашто каква полза има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости? 37#Пс 48,7-8Или што ќе даде човек во замена за својата душа? 38#Мт 10,33; Лк 12,9; Рим 1,16; 2 Тим 2,12Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во ова прељубодејно и грешно поколение, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Марко 8: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023