Марко 3
3
Исус лекува во сабота
(Мт 12,9-14; Лк 6,6-11)
1И Тој повторно влезе во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака. 2И внимаваа на Него, дали ќе го излекува во саботен ден, за да Го обвинат. 3А Тој му рече на човекот со исушената рака: „Застани насреде!“ 4#Лк 14,3-4Ним, пак, им кажа: „Што е допуштено да се прави во сабота: добро или зло? Да се спаси еден живот или да се погуби?“ А тие молчеа. 5#5,32; 6,52; 11,11; 2 Мојс 7,13; Јн 12,40; Ефес 4,18Па, кога ги изгледа со гнев, натажен поради нивните закоравени срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката!“ Тој ја протегна и раката му стана здрава, како и другата. 6#Мт 22,15; 27,1Фарисеите, штом излегоа, веднаш се состанаа со Иродовците против Него, советувајќи се како да Го погубат.
Мноштво следбеници
(Мт 4,25; 12,15-16; Лк 6,17-19)
7 #
5,21; Мт 4,25; 12,15; Лк 6,17-18 Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу народ од Галилеја, од Јудеја, 8од Ерусалим, од Идумеја, од другата страна на Јордан и од околијата на Тир и Сидон. Штом слушнаа какви дела врши, тие во голем број дојдоа кај Него. 9#4,1; Јн 6,22И им порача на Своите ученици да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат; 10#5,28зашто мнозина беше излекувал, така што сите кои беа болни, навалуваа кон Него за да Го допрат. 11#1,1; Мт 8,29И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Син Божји!“ 12#1,34; Мт 12,16Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
Исус избира дванаесет апостоли
(Мт 10,1-4; Лк 6,12-16)
13 #
1,4.17; 5,18; Мт 10,5 Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние што Сам ги одбра, и тие дојдоа кај Него. 14#6,7; Мт 19,28И избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; 15#9,38; 16,9.17; Мт 10,8и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони: 16#Мт 16,18; Јн 1,42; 1 Кор 1,12Симон, на кого му даде име Петар; 17#Мт 4,21; Лк 9,54па Јаков Зеведеев и Јован, братот на Јаков, на кои им даде име Воанергес, што значи: Синови на громот; 18#Мт 4,18; 9,9; Лк 6,14-15; Јн 1,40.43-46.48; 14,5.8-9; 21,2па Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит 19#Мт 10,4; 26,25и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
Исус и Велзевул
(Мт 12,22-32; Лк 11,14-23; 12,10)
20 #
2,2; 6,31 И дојдоа во една куќа; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат. 21#Јн 7,5; 10,20; 2 Кор 5,13И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил при Себеси. 22#4 Цар 1,2; Мт 9,34; 10,25; 12,24; Јн 7,20; 8,48-52А книжниците, што беа слегле од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул#3,22 Велзевул или Беел-зебул т.е. ѓаволот. и дека демоните ги истерува со силата на началникот на демоните. 23#1,13И, кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана? 24Ако едно царство се раздели самото против себе, тоа царство не може да се одржи; 25и, ако еден дом се раздели самиот против себе, тој дом не може да опстане; 26ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи, туку му дошол крајот. 27#6,17; Ис 49,24-25; 53,12; Откр 20,2Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и дури тогаш ќе ја ограби куќата. 28#2,7; 1 Тим 1,13Вистина ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулеле; 29#Лк 12,10; Евр 6,4-6; 1 Јн 5,16но кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости довека, туку ќе биде виновен пред вечниот суд.“ 30#3,22Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
Исусовото семејство
(Мт 12,46-50; Лк 8,19-21)
31 #
6,3; Јн 2,12; Дела 1,14 И дојдоа мајка Му и Неговите браќа, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. 32#Мт 13,55-56А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа и сестри се надвор и Те бараат.“ 33А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“ 34Па, погледнувајќи кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. 35#Мт 6,10; Ефес 6,6; Евр 10,7.9.36; 1 Јн 2,17Зашто оној што ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра и мајка!“
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Марко 3: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023