Марко 4
4
Парабола за сејачот
(Мт 13,1-9; Лк 8,4-8)
1 #
2,13
И Тој повторно почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ, па Тој влезе во коработ и седеше во морето, а сиот народ стоеше на брегот, покрај морето. 2#Мт 13,3.34И ги поучуваше многу со параболи, и во Своите поуки им велеше: 3„Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее; 4и додека сееше, едни зрна паднаа покрај патот, па долетаа птиците и ги исколваа. 5Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу никнаа, зашто земјата не беше длабока; 6но штом изгреа сонцето, тие свенаа, па бидејќи немаа корен, се исушија. 7Некои паднаа во трње; и израснаа трњата и ги задушија, и тие не дадоа плод. 8Други паднаа на добра земја и почнаа да даваат плод, што израсна и узреа; и принесе: некое триесет, некое шеесет, некое сто.“ 9#4,23; 7,16; Мт 11,15; Лк 8,8; 14,35И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Зошто служат параболите?
(Мт 13,10-15; Лк 8,9-10)
10 #
10,10; 13,3; Мт 10,2; 13,36 А кога остана сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесеттемина, Го прашаа за параболите. 11#Дан 2,19.22.27-30; Рим 16,24; Кол 4,5И Тој им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ им се говори во параболи, 12#Ис 6,9-10; Јн 12,40; Дела 28,26-27за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; за да не би се обратиле некогаш, па да им се простат гревовите.“ 13И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи?
Објаснување на параболата за сејачот
(Мт 13,18-23; Лк 8,11-15)
14Сејачот го сее словото. 15Посеаното покрај патот се оние кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го грабнува словото, посеано во нивните срца. 16Исто така и посеаното на каменито место се оние кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат, 17#14,27но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане мака или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат. 18#Ер 4,3Посеаното во трње се оние што го слушаат словото, 19#Мт 19,23но грижите за овој век и примамливоста на богатство и други желби влегуваат во нив, го задушуваат словото и тоа станува бесплодно. 20А посеаните зрна на добра земја се оние што го слушаат словото и го примаат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а трети сто.“
Светило и мерка
(Мт 5,15; 10,26; Лк 6,38; 8,16-18; 11,33)
21 #
Мт 5,15; Лк 8,17; 11,33 И им рече: „Зар светило се внесува за да се стави под поклопец или под кревет, а не за да се постави на светилник? 22#1 Кор 4,5Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту, пак, има нешто сокриено, што нема да излезе на виделина. 23#4,9; Мт 11,15Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ 24#Лк 6,38; 8,18И им велеше: „Внимавајте на она што го слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате. 25#Мт 13,12Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“
Парабола за посеаното семе
26 #
Мт 13,24
Па рече: „царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, 27#Јк 5,7па спие и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае. 28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот. 29#Јоил 3,13; Откр 14,15А кога ќе узрее плодот, човекот веднаш се фаќа за срп, зашто дошло времето за жетва.“
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Лк 13,18-19)
30И уште рече: „Со што да го споредиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме? 31#Мт 13,31; 17,20Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е најмало од сите земни семиња; 32#Мт 13,32а кога ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите зеленчуци, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат небесните птици.“
Поучување со параболи
(Мт 13,34-35)
33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат. 34И без параболи не им говореше, но на Своите ученици, насамо, сѐ им објаснуваше.
Исус стивнува бура
(Мт 8,23-27; Лк 8,22-25)
35 #
Мт 8,18
А вечерта, во истиот ден, им рече: „Да минеме на спротивната страна!“ 36И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа со себе во коработ, така како што беше. А имаше и други кораби со нив. 37И се подигна бурен ветер, и брановите префрлаа во коработ, така што тој веќе се полнеше. 38#Лк 10,40Тој, пак, беше на кормилото и спиеше на перница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“ 39#1,25А Тој стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: „Замолкни, престани!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина. 40#9,19; Мт 8,10Па им рече: „Што сте толку плашливи? Зар немате вера?“ 41#1,27; Пс 88,9; 106,23-32; Лк 9,34И ги опфати голем страв, и си велеа еден на друг: „Кој ли е Овој, та и ветрот и морето Му се покоруваат?“
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Марко 4: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023