Матеј 23
23
Исус ги укорува книжниците и фарисеите
(Мк 12,38-39; Лк 11,37-52; 20,45-46)
1 #
Лк 20,45
Тогаш Исус им говореше на народот и на Своите ученици, 2велејќи: „На Мојсеевиот стол седнаа книжниците и фарисеите. 3#5 Мојс 17,10; Мал 2,7-8; Рим 2,17-24Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според нивните дела не постапувајте, зашто тие говорат, но не извршуваат; 4#11,30; Лк 11,46врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ниту со прст да ги помрднат. 5#6,1.5; 4 Мојс 15,37-39; Амос 4,5И сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги прошируваат своите записи и ги продолжуваат ресите на својата облека; 6#Лк 14,7сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите, 7и поздрави по пазариштата, и да ги викаат луѓето ’Рави, Рави!‘ 8А вие немојте да се нарекувате ’Рави‘, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сите сте браќа. 9#6,9; Мал 2,10И никого на земјата не викајте го свој татко, зашто еден е вашиот Татко – Оној, Кој е на небесата; 10#Јн 13,13и немојте да се нарекувате наставници, зашто еден е вашиот Наставник – Христос. 11#18,4; 20,26; Мк 9,34-35Но најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга; 12#Ис 2,9-17; Изреки 29,23; Лк 14,11; 18,14; Јк 4,10зашто, секој што се воздигнува себеси, ќе биде понизен; а тој што се понизува себеси, ќе биде воздигнат.“
Осуда на лицемерите
(Мк 12,40; Лк 11,9-52; 20,47)
13 #
5,20; 11,21; 18,9; Ис 5,8-24; Ер 8,8; Мал 2,8; Лк 11,52 „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците и навидум долго се молите; поради тоа ќе добиете поголема осуда. 14#Мк 12,40Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто го затворате царството небесно пред луѓето; оти, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат. 15Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги обиколувате морето и копното за да добиете еден следбеник, и кога тоа ќе се случи, тогаш го правите син на пеколот, двојно поголем од вас. 16#15,14; Јн 9,38-41; Рим 2,19Тешко вам, слепи водачи, што велите: ’Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во златото на храмот, виновен е.‘ 17Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или храмот што го осветува златото? 18Велите и: ’Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.‘ 19Безумни и слепи! Што е посвето: дарот или жртвеникот што го осветува дарот? 20#5,33-37А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е на него; 21#3 Цар 8,13и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној што живее во него; 22#5,34; Ис 66,1и кој ќе се заколне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној што седи на него. 23#3 Мојс 27,30; 5 Мојс 14,22; Ер 5,1; Амос 5,21; Лк 11,42; Рим 3,3Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто давате десеток од нане, копар и ким, а сте го пренебрегнале најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го пропуштате. 24Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате! 25#Мк 7,4Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги чистите чашата и чинијата однадвор, а внатре тие се полни со грабеж и неправда. 26#Јн 9,40Слеп фарисеју, очисти ги чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор. 27#Дела 23,3Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и со секаква нечистотија. 28#Лк 16,15Така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.“
Објавата на казната за лицемерите
(Лк 11,47-51)
29„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните, 30па велите: ’Да живеевме во деновите на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘ 31#Дела 7,52Со тоа сведочите за себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците. 32#1 Сол 2,16Дополнете ја и вие мерата на вашите татковци! 33#3,7; 12,34Змии и рожби аспидини, како ќе побегнете од осудата за во пеколот? 34#1 Кор 12,28Затоа, ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници; едни ќе убиете и распнете, а други ќе камшикувате по вашите синагоги и ќе ги прогонувате од град во град; 35#27,25; 1 Мојс 4,10; 2 Лет 24,20-22; Откр 16,6; 18,24за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел, па до крвта на Захарија, синот на Варахија, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот. 36#24,34Вистина ви велам: сето тоа ќе дојде врз ова поколение!“
Исусовата љубов кон Ерусалим
(Лк 13,34-35)
37 #
21,35; 22,6; Дела 7,59 „Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам твоите чеда, како квачката што ги собира своите пилиња под крилјата, но вие не сакавте. 38#Ер 7,14; 12,7; 22,5; Пс 68,25; Јн 2,19-21Ете, ви се остава пуст вашиот дом. 39#21,9; Пс 117,26; Лк 19,38Зашто ви велам: нема да Ме видите од сега додека не кажете: ’Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!‘“
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Матеј 23: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023