Матеј 22

22
Парабола за свадбата на царевиот син
(Лк 14,15-24)
1 # 13,33 И Исус повторно им гово­реше во параболи и рече: 2#8,11; 18,23; Изреки 9,1-6„Царството небесно прилега на еден цар, кој му направи свадба на својот син. 3#21,34И ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата; а тие не сакаа да дојдат. 4#21,36Повторно испрати други слуги, велејќи: кажете им на поканетите: ’Ете, приготвив јадење; моите јунци и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дој­дете на свадбата!‘ 5#Лк 14,18Но тие го пренебрегнаа тоа и отидоа: едни на нива, други по својата трговија; 6#21,35а останатите, пак, ги фатија него­вите слуги, ги навредуваа и ги убија. 7Штом чу за тоа царот, се разгневи, испрати своја војска и ги погуби убиј­ците и им го запали градот. 8Тогаш им рече на своите слуги: ’Свад­бата е готова, но поканетите не беа достојни. 9#Откр 19,7Затоа, одете по крстопатите и поканете ги на свадба сите што ќе ги најдете!‘ 10#9,9-13; 13,38.47; Тов 9,1-2И слугите излегоа по патиштата, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и свадбениот дом се наполни со гости. 11Кога царот влезе да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбена облека. 12#26,50Па му рече: ’Пријателе, како влезе овде необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше. 13#8,12Тогаш царот им рече на служителите: ’Врзете му ги нозете и рацете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘ 14#20,16зашто, мнозина се повикани, но малкумина се избрани.“
Прашања за данокот
(Мк 12,13-17; Лк 20,20-26)
15 # 16,1; Лк 11,54 Тогаш фарисеите отидоа и се советуваа како да Го фатат во некој збор. 16#5 Мојс 10,17; Дела 10,34-35И ги испратија кај Него своите ученици, заедно со Иродовците, кои Му говореа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и вистински учиш за Божјиот пат, и не се плашиш од никого, зашто не се водиш според изгледот на луѓето; 17затоа кажи ни; што мислиш: треба ли да се дава данок на цезарот или не?“ 18Но Исус го проѕре нивното лукавство и рече: „Зошто Ме искушувате, лицемери? 19Покажете Ми ја монетата со која се плаќа данок.“ Тие Му донесоа еден динариј. 20И им рече: „Чии се овој лик и натпис?“ 21#6,24; Рим 13,7; 1 Птр 2,17Тие Му одговорија: „На цезарот.“ Тогаш им рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“ 22#16,4; 22,33И штом го чуја тоа, тие се зачудија, па Го оставија и си отидоа.
Прашања за воскресението
(Мк 12,18-27; Лк 20,27-38)
23 # 2 Мак 7,9; Дела 4,1-2; 1 Кор 15,12 Во истиот ден Му пристапија и садукеи, кои велат дека нема вос­кре­сение, и Го прашаа, 24#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ’Ако некој умре без деца, тогаш брат му нека ја земе неговата жена и нека му подигне потомство на својот брат!‘ 25Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави својата жена на својот брат. 26Исто така направи и вториот, и третиот, сѐ до седмиот. 27По сите нив, умре и жената. 28При воскресението, на кого од седумтемина ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?“ 29Исус им одговори: „Во заблуда сте, зашто не ги познавате Писмата, ниту Божјата сила; 30#Мудр 5,5; Кол 1,12зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангели Божји на небото. 31А за воскресението на мртвите, зар не сте читале што ви рекол Бог: 32#2 Мојс 3,6; 3,15-16; Дан 12,2; Дела 3,13’Јас сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков.‘ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“ 33#7,28; Јн 7,15И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на Неговото учење.
Најважната заповед
(Мк 12,28-34; Лк 10,25-28)
34А фарисеите, штом слушнаа дека ги замолчи садукеите, се собраа заедно. 35#16,1Еден од нив, законик, за да Го искуша, Го праша: 36„Учителе, која заповед е најголема во Законот?“ 37#5 Мојс 6,5; Ис.Н. 22,5А Исус му одговори: „’Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум;‘ 38тоа е прва и најголема заповед; 39#5,43; 19,19; 3 Мојс 19,18; Јн 13,34-35; Рим 13,8-9; Гал 5,14; Јк 2,8а втората е слична на неа: ’Возљуби го својот ближен како себеси!‘ 40#7,12На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците.“
За Давидовиот син
(Мк 12,35-37; Лк 20,41-44)
41И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша 42и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „На Давид.“ 43#9,27Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарекува Господ, велејќи:
44 # 26,64; Пс 109,1; Мк 16,19; Дела 2,33-34; Евр 1,3.13; 8,1; 10,12-13 ’Му рече Господ на Мојот Господ:
Седи од Мојата десна страна,
додека не ги положам Твоите непријатели
за подножје на Твоите нозе.‘
45 # 1,1 И така, ако Давид Го нарече Гос­под, како тогаш Тој може да му биде син?“ 46#Мк 12,34; Лк 20,40; Јн 21,12 И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го прашува.

હાલમાં પસંદ કરેલ:

Матеј 22: MAK2023

Highlight

શેર કરો

નકલ કરો

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in