Матеј 21

21
Христовото свечено влегување во Ерусалим
(Мк 11,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)
1 # Зах 14,4; Мк 11,1; 14,13 А кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија, кај Масли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници, 2#1 Мојс 49,11 и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас, и веднаш ќе најдете врзана магарица и прле со неа; одврзете ги и доведете Ми ги! 3А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господ и тој веднаш ќе ги прати.“ 4#1,22А сето тоа се случи за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели:
5 # 11,29; Ис 61,11; Зах 9,9 „Кажете ѝ на ќерката Сионова:
ете, твојот Цар доаѓа кај тебе кроток
и седи на магарица и прле,
младенче од подјаремница.“
6 # 26,19 Учениците отидоа и направија така, како им заповеда Исус. 7#Јн 12,14Ги доведоа магарицата и прлето и ги положија на нив своите алишта, и Тој седна на нив. 8#3 Цар 1,33; 4 Цар 9,13А мнозина од народот ги постилаа по патот своите облеки; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; 9#23,39; Пс 118,25.26; Пс 147,1; Јов 16,19; Лк 13,35а народот што врвеше пред Него и по Него, извикуваше:
„Осана на Синот Давидов!
Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!
Осана во висините!“
10 # 2,3 И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, велејќи: „Кој е Овој?“ 11#5 Мојс 18,15; Лк 24,19; Јн 4,19; 7,40; 9,17; Дела 3,22-23А народот говореше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет Галилејски.“
Изгонување на трговците од храмот
(Мк 11,15-19; Лк 19,45-48; Јн 12,12-16)
12 # Неем 13,7-8; Јн 2,14-15 И Исус влезе во Божјиот храм и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги преврте масите на мену­ва­чи­те и столовите на оние што продаваа гулаби, 13#Ис 56,7; Ер 7,11и им рече: „Напишано е:
’Мојот дом ќе се нарече дом за молитва‘,
а вие го направивте разбојничка пеш­тера.“
14 # 11,4; 3 Мојс 21,18; 2 Цар 5,8 И Му пријдоа во храмот куци и слепи, и Тој ги излекува. 15#4 Мојс 14,22А првосвештениците и книж­ни­ци­те, кога ги видоа чудата што ги на­пра­ви, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Синот Давидов!“, негодуваа, 16#Пс 8,3; Јн 12,19и Му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале:
’Од устата на ново­роденчиња и од доенчиња
Ти си при­гот­вил пофалба?‘“
17 # Мк 11,1.11; Лк 21,37 И кога ги остави, излезе надвор од градот, во Витанија, и таму преноќи.
Смоквата што не дава плод
(Мк 11,12-14.20-24)
18А наредното утро, враќајќи се во градот, огладне; 19#Ос 9,16; Лк 13,6-9и покрај патот виде една смоква, па отиде до неа; но откако не најде на неа ништо освен лисја, ѝ рече: „Да нема веќе род на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши. 20Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“ 21#17,20; Лк 17,6; Јк 1,6А Исус им одговори: „Вистина ви велам: ако имате вера и не се посомневате, не само тоа што се случи со смоквата ќе го правите, туку ако и на оваа планина ѝ речете – дигни се и фрли се во морето, тоа ќе биде. 22#7,7-8; Мк 11,24И сѐ што ќе побарате во молитва, ако имате вера, ќе добиете.“
Прашања за Исусовите овластувања
(Мк 11,27-33; Лк 20,1-8)
23 # 7,29; 28,18 И кога Тој дојде во храмот и поучуваше, Му пристапија првосвештениците и старешините на народот и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“ 24А Исус им одговори: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­ворите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. 25#21,32; Лк 7,30; Јн 3,27Јовановото крштевање од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие разговараа меѓу себе, велејќи: „Ако кажеме ’од небото‘, ќе ни рече: ’Тогаш зошто не му поверувавте?‘ 26#14,5; 21,46А ако кажеме ’од луѓето‘, се пла­ши­ме од народот; зашто сите го сме­таат Јован за пророк.“ 27И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ниту Јас не ви кажувам со каква власт го правам ова.“
Парабола за двата сина
28 # 20,1.4; Лк 15,11 „Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ’Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘ 29Тој одговори: ’Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде. 30Отиде и кај вториот, и му го рече истото. Тој одговори: ’Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде. 31#6,10; Лк 18,9-14Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му рекоа: „Првиот.“ Тогаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека даночниците и блудниците пред вас ќе влезат во царството Божјо: 32#Лк 7,37-50; 19,1-10зашто Јован дојде кај вас по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а даночниците и блудниците му поверуваа; а вие, и откако видовте не се покајавте за да му поверувате.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мк 12,1-12; Лк 20,9-19)
33 # Ис 5,1-2 „Чујте друга парабола! Си беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го огради, ископа место за преса, соѕида кула и, откако им го предаде на лоза­рите, замина на пат. 34#22,3И, кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги приберат неговите плодови. 35#22,6; 23,37Но лозарите ги фатија неговите слуги, па едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот го каменуваа. 36#22,4Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто. 37#Јн 3,16-17; 1 Јн 4,9Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи си: ’Ќе се засрамат од син ми.‘ 38#Гал 4,7Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ’Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство.‘ 39#Јн 19,17; Евр 13,12Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. 40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ 41Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ 42#Ис 28,16; Пс 117,22-23; Дела 4,11; 1 Птр 2,4-8А Исус им рече: „Зар никогаш не сте читале во Писмата:
’Каменот што го отфрлија ѕидарите,
стана камен темелник;
тоа е од Господ
и чудесно е во нашите очи.‘
43 # Дела 13,46 Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе му се даде на народ што ги принесува неговите плодови. 44#Мк 11,18; Лк 20,18; Рим 11,11И кој ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“ 45И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив, 46#14,5; 16,14; 21,26па настојуваа да Го фатат; но се плашеа од народот, кој Го сметаше за пророк.

હાલમાં પસંદ કરેલ:

Матеј 21: MAK2023

Highlight

શેર કરો

નકલ કરો

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in